Кога кујната се опремува, добро е да се погрижите да трите главни делови како што се делот за припрема на храна, за спремање на храната и делот за готвење на храната да бидат доволно блиску, но во меѓу просторот да остане доволно место. За да го искористите просторот најдобро што можете, дознајте кои се најпрактичните совети за опремување на кујна.
Доколку имате шпорет со отворен пламен поставете го подалеку од прозорците и вратите
Доколку шпоретот е со отворен пламен не смее да се наоѓа во близина на прозорец или врата. Тоа е така затоа што циркулацијата на воздухот која е поголема во близина на вратата и прозорците може да го рашири пламенот. Плус тоа, светлото кое доаѓа од прозорците може да попречи во навремено забележување на пожарот.

Не ги поставувајте висечките елементи превисоко
Висечките елементи не би требало да се постават превисоко затоа што секој пат ќе мора да се качувате на столица за да го дофатите она што ви е потребно.
Тавите и тенџерињата чувајте ги во близина на шпоретот
Ако имате мала кујна, за работна плоча може да искористите полица чија ширина е 20 см. Тавите и тенџерињата најдобро е да чувате во близина на шпоретот за да ви биде готвењето наједноставно.
Кантата за ѓубре поставете ја во близина на мијалникот или машината за миење на садови
Кантата за ѓубре треба да ја поставите на место каде што ќе ви биде најпотребна. Тоа е најчесто во близина на машината за миење на садови или кај мијалникот.
Посветете доволно внимание при изборот на кујнски елементи
Кога купувате кујнски елементи посветете доволно внимание и изберете ги само оние кои навистина ви се потребни. Лошо распоредените висечки елементи не само што ќе бидат непрактични, него претставуваат и опасност затоа што може да се удрите во вратите.
Добро е да изберете кујнски елементи кои имаат водоотпорни работни површини. Тоа е важно, затоа што одржувањето би било наједноставно.
Доколку кујнските елементи немаат задна плоча, можете и сами да ја вградите. На тој начин ќе спречите да се создава голема количина на прашина на местата каде што ви стојат садовите или храната. Доколку се одлучите на овој чекор, исечете дрвена површина со потребните димензии и премачкајте ја со лак.
Измерете го просторот пред да купите бела техника
Пред да купите кујнски бела техника измерете го просторот, затоа што може да се случи да бидат преголеми. Вградениот шпорет е подобра опција затоа што изгледа поубаво, а и полесно се одржува.
За убаво организирана кујна, потребни ви се два ѕидови со површина 4*4м.
Ви предлагаме да прочитате: Како да ја намалите прекумерната влага во кујната?