Во светски рамки, а и на Балканот примената на Немечек протокол постепено добива на популарност, благодарение на успешните резултати кај многу деца и возрасни. Интересно е тоа што овој протокол се состои од употреба на природни намирници во исхраната како што е маслиново масло, рибино масло (Омега-3) и растителни влакна (Инулин). Се препорачува за подобрување на состојбата при аутизам, депресија, анксиозност, хашимото (нарушена работа на тироидната жлезда), деца и возрасни со пречки во развојот…
Што е Немечек протокол и како дејствува?
Немечек протоколот е составен од Д-р Патрик Немечек од Аризона. Во исхраната се вметнуваат инулин, Oмега-3 (рибино масло) и маслиново масло, чија главна цел е заздравување на автономниот нервен систем.

Инулинот помага да се воспостави рамнотежа на бактериите во цревата, Омега-3 директно го опоравува мозокот, а маслиновото масло ги спречува воспалителните процеси во организмот.
Немечек протоколот помага и овозможува опоравување кај:
- аутизам
- проблеми во развојот
- сензорни пореметувања
- депресија
- анксиозност
- напади на паника
- нарушена работа на штитната жлезда (хашимото)
- и многу други состојби и автоимуни болести.
Како да знам дали овој протокол е за мене или за моето дете?
Препорачаните намирници од овој протокол се природни и немаат штетен ефект и може да ги консумира секој (во случај на алергија на рибино масло не се препорачува консумирање на Омега-3). Ако вашето дете или вие имате аутизам, развојни пречки, пост-трауматски стрес синдром, депресија, анксиозност, напади на паника, нарушена работа на тироидната жлезда, многу е голема веројатноста да имате дисфукнција на автономниот нервен систем и овој протокол може да ви помогне.
Голем број на автоимуни заболувања се последица на нерaмнотежа меѓу цревните бактерии, како и трауми/оштетувања на мозокот, кои може да бидат физички, емотивни или од друга природа. Овој протокол помага за воспоставување на баланс на цревната флора и заздравување на мозокот со помош на природни и лесно достапни намирници.
Каде може да се купат Инулин и Омега-3 (DHA-500)?
Д-р Немечек ги препорачува инулиниот од NOW, oмега DHA-500 од NOW и Nordic Naturals Ultimate Omega. Производите од NOW се лесно достапни кај нас и може да се најдат во поголемите аптеки низ земјата или да се порачаат онлајн преку веб продавницата на Тримекс. Д-р Немечек советува да се користат препорачаните брендови затоа што додатоците во исхрана кои имаат послаб квалитетет или се произведени во лошо контролирани услови, може да ги загрозат успехот и очекуваните резултати.

Како да започнам со Немечек протокол?
На почеток се започнува со воведување на мали дози на инулин – 1/8 мала лажичка за деца (на врвот на лажичката), и постепено количината се зголемува малку по малку на неколку денови, додека се забележат промени во однесувањето.
Кај децата со аутизам овој период се нарекува „будење“. Тоа може да биде подобар контакт со очите, детето делува свесно, присутно, а може да sе јави и несоница. Ова значи дека детето реагира на инулинот и таа доза треба да продолжи да се дава секој ден.
Д-р Немечек советува дека дневната доза на инулин зависи од возраста на детето и измесува од 1/4 мала лажичка до 2 лажички кај повозрасните деца. Сепак подобрените знаци ќе ви дадат насока која количина одговара за вас или вашето дете. Кај децата кои имаат проблеми со развојот може да се забележи зголемено внимание, концентрација и присутност.
Потоа, постепено се воведува Омега-3, така што се започнува со мали дози и се зголемува на неколку дена додека се постигне потребната доза согласно возраста. Дневните потреби согласно возраста се:
- 0 до 6 месеци = 150 мг
- 7 до 12 месеци = 300 до 400 мг
- 1 до 5 години = 450 до 600 мг
- 5 до 7 години = 600 до 1000 мг
- 7 до 10 години = 1000 до 1500 мг
- 11 до 14 години = 1500 до 2000 мг
- 15 до 18 години = 2000 до 3500 мг
- возрасни лица = 3000 мг исклучително DHA.
Може да ве интересира: Зошто Omega-3 се нарекуваат масти кои живот значат?
Маслиновото масло може да му се дава на децата во исхраната од најмала возраст. Се препорачува готвење со маслиново масло, а за најдобри резултати рафинираните масла треба да се исклучат од исхраната, односно да се намали внесот на омега-6 на најмала можна количина. Потребно е да се избегнуваат грицки, маргарини и производи кои содржат рафинирани растителни масла. Добро читајте ги етикетите на производите и избегнувајте ги производите кои содржат рафинирани растителни масла и маргарини.
Покрај екстра девственото ладно цедено маслиново масло, може да се користат и кокосовото, маслото од маслодајна репка и маслото од палмино семе.
Употребата на пробиотици е забранета. За време на спроведувањето на протоколот нема потреба од додатни суплементи, витамини, ензими и слично, освен ако не се препорачани од доктор.
Што доколку се применува третманот меѓутоа нема резултати?
Ако терапијата со инулин не ги дава посакуваните резултати, Д-р Немечек препорачува терапија со Рифаксимин – неапсорбирачки антибиотик.
Ако за време на користењето на препорачаната количина на Омега-3 не забележите никаков напредок за временски период од 2 месеци, тогаш двојно зголемете ја количината (зголемувањето правете го постепено).
Ако ништо од наведеното не дава резултат, Д-р Немечек советува стимулација на нервот луталник (Nervus Vagus), а тоа никако не смеете да го спроведете на своја рака. Стимулацијата треба да се направи од доктор кој е специјално обучен за тоа. Штом имаме сознанија дали и кој го прави тоа кај нас, ќе пишеме дополнително.
Подетални информации за Немечек протокол може да добиете на веб страницата на Д-р Немечек, а исто така ви препорачуваме да ја купите неговата книга – The Nemechek Protocol For Autism and Developmental Disorders: A How-To Guide to Restoring Neurological Function преку Амазон.
За сите прашања кои ги имате може да ни пишете на info@sezahrana.mk, а ние ќе ја консултираме Д-р Нела Деспотовска и ќе одговориме на вашето прашање.
Ви посакуваме добро здравје, а во наредниот период подетално ќе ја разработиме оваа тема и ќе објавиме дополнителни едукативни текстови. Во меѓувреме ве покануваме да се приклучите на балканската група за поддршка и примена на Немечек третманот.
Ви препорачуваме да прочитате: Што е инулин и зошто е добар за здравјето?