Палетата на масла за јадење на Витаминка е збогатена со уште еден производ! Станува збор за Брилијант високоолеинско сончогледово масло кое е идеално за подготовка на различни јадења. Ајде да дознаеме повеќе за новиот произод на пазарот.
Високоолеинското сончогледово масло се прави од посебна сорта на семе на сончоглед, има висока оксидациска и термичка стабилност и можност за широка примена. Може да се користи за пржење, подготовка на зимници, салати и ладни оброци.

Она што прави посебно високоолеинското масло е сортата на сончоглед, составот, вкусот и стабилноста
Ова масло е создадено од посебна сорта на семе од сончоглед произведена со цел да се добие масло со висока содржина на олеинска киселина во составот. Олеинската киселина има голем број придобивки за човековото здравје. Иако има сличен состав со маслиновото масло, високоолеинското масло има неутрален вкус. Вкусот го прави прифатливо и за потрошувачите кои не го сакаат карактеристичниот вкус на маслиново масло. Има висока оксидациска и термичка стабилност, што му дава предност заради можноста за широка примена.
Високоолеинското сончогледово масло може да се користи за секаква храна
Поради високата термичка стабилност, маслото се препорачува за подготовка на храна на високи температури како пржење и печење. Високоолеинското сончогледово масло е идеално и за подготовка на зимници. При пржење и печење со ова масло се ослободуваат многу малку транс масти кои не се погодни за нашето здравје. Маслото е погодно и за подготовка на салати и други јадења кои не е потребно термички да се обработат.
Здравствени придобивки од високоолеинското масло
Новото Брилијант високоолеинско сончогледово масло е со висока содржина на олеинска киселина. Во својот состав има идеален баланс на масни киселини, од кои олеинската киселина е застапена од 75-90%. Оваа масна киселина спаѓа во групата на омега 9 масни киселини кои лесно се апсорбираат во нашиот организам и се есенцијални, односно неопходни за правилен метаболитички процес. Исто така допринесуваат за одржување на нормално ниво на холестеролот во крвта. Витаминот Е, кој уште се нарекува и витамин на младоста, е значително застапен во високо олеинското масло. Резултатите од бројни истражувања покажуваат дека витаминот Е го успорува стареењето и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.
Ви препорачуваме да прочитате: Хумус со модри патлиџани.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.