Овесни мафини со јаболка без брашно 1

Овесни мафини со јаболка без брашно

Во денешно време кога сите се трудиме да бидеме убави и здрави колку што е можно повеќе, ваков рецепт и тоа како би ни користел. Ја обожаваме иновативноста на Клара и со голема радост го споделуваме овој интересен рецепт за овесни мафини со јаболка без брашно. Многу се сочни и вкусни, а што е најинтересно се прават без брашно.

За оние кои внимават на количината на шеќер во својот дневен калориски внес, предлагаме шеќерот да го заменат со стевиа, или пак како уште поздрава варијанта да употребите природен мед.

Овесни мафини со јаболка без брашно 2

Состојки:

  • 3 шолји овесни снегулки
  • 3 шолји рендани јаболка
  • 1/2 шолја шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1 пакетче прашок за печење
  • 3 јајца
  • 1 шолја јогурт
  • 1/2 шолја (100 мл) масло
  • цимет, мускатно оревче, каранфилче.

*1 шолја = 200мл

Подготовка:

  1. Прво се мешаат во еден сад сувите состојки.
  2. Во друг сад, со помош на жица за матење се соединуваат јајцата и останатите течни состојки.
  3. Потоа, во садот со течните состојки се додаваат јаболката и сите состојки се мешаат заедно.
  4. Калапите за мафини се намрсуваат и се полнат со смесата.
  5. Се печат 30-35 минути на температура од 180 степени.

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколадни мафини – здрави и без брашно.

Сподели: