Печени компири во сос од павлaка

Сите обожаваат компири, а кога се со кремаст сос, тоа е комбинација на која никој не може да остане рамнодушен. Па, ајде да ги споиме овие две јадења и да направиме прекрасен ручек. Овој пат на предлог од Лидија ви претставуваме многу вкусен рецепт за печени компири во сос од павлака.

Подготовката е навистина интересна. Кратко варени, а потоа печени во сос. Вкусно, кремасто и неодоливо, така би го опишале ова јадење!

печени компири со павлака

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 2 главици кромид
  • 2 чешњина лук
  • 300 мл неутрална павлака
  • 400 мл млеко
  • 1 ½ лажичка сол
  • црн пипер по вкус
  • 100 гр кашкавал по желба.

Подготовка:

  1. Компирите темелно измијте ги, излупете ги и исечете ги на тенки кругови. Сечените компири ставете ги во длабок сад.
  2. Излупете го кромидот и исечете го на коцки, а лукот изрендајте го. Во тава на загреано масло кратко пропржете ги лукот и кромидот колку да омекнат, па додајте ги во садот со компирите.
  3. Во садот со компири додајте ги павлаката, млекото и зачините. Садот ставете го на оган да се вари. Откако ќе зоврие течноста намалете ја температурата и оставете да се вари уште околу 3-5 минути.
  4. Потоа, префрлете ги компирите заедно со течноста во намрсен плех за печење. Поросете ги со рендан кашкавал.
  5. Вака подготвените компири печете ги во загреана рерна на 225 степени околу 20 минути. На здравје!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, slatkitajni.com.

Ви препорачуваме да прочитате: Запечени компири во сос од кашкавал и павлака.

Сподели: