Печени компири на шведски начин 1

Печени компири на шведски начин

Декоративни и совршени за сечија трпеза! Воопшто не е сложено, ниту тешко, а ќе имате за многу брзо време уникатно сервирано јадење кое ќе ги израдува сите, домашните и гостите! Да ги пробаме и ние овие симпатични и вкусни печени компири на шведски начин. Сервирајте од омиленото вино и на здравје.

Ние обично ги користиме како мезе, а често пати знаеме да ги направиме како прилог или полесно главно јадење. Добри се за секоја прилика!

Печени компири на шведски начин 2

Состојки:

  • 8 компири
  • 3 лажици путер на собна температура
  • 1/2 лажичка сол
  • 2-3 лажици лебни трошки.

Подготовка:

  1. Компирите прво измијте ги и излупете ги.
  2. Потоа, со помош на остар нож, сечете ги на тенки ленти, но не потполно до долу. На некој начин може да се каже дека треба да личат на хармоника.
  3. Така приготвените компири ставете ги во тавата за печење, која по желба може да ја обложите со хартија.
  4. Премачкајте ги со путер и ставете ги да се печат во загреана рерна на 225 степени, околу 25 минути.
  5. После 25 минути извадете ги и повторно премачкајте ги со путер, поросете ги со сол и лебни трошки и повторно ставете ги во рерната. Оставете ги да се печат уште 20 минути. Со дрвена чепкалка може да проверите дали се добро печени или по потреба да ги оставите уште малку.

Совет плус: Ако сакате да бидат посни, наместо путер употребете маргарин и зачинете со зачини по желба. Исто така, наместо лебни трошки, по желба може да ги наросите со сирење или кашкавал.

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, slatkitajni.com

Ви препорачуваме да прочитате: Печени компири на медитерански начин.

Сподели: