Печени пилешки гради во бел сос

Направете вкусен специјалитет, исто како од рестораните! Благодарение на Лидија, сега ќе може да го пробаме фантастичниот рецепт за печени пилешки гради во бел сос.

А подготовката е повеќе од едноставна. И што е важно, потребни ви се само неколку состојки за да го направите овој специјалитет.

печени пилешки гради

Состојки:

  • 4 парчиња пилешки гради
  • путер по потреба
  • 2 коцки супа од зеленчук
  • 3 чешниња лук
  • 350 мл неутрална павлака.

Подготовка:

  1. Во тава на оган, на умерена температура се става путерот да се растопи. Во растопениот путер се ставаат пилешките гради. Се запржуваат од двете страни. Притоа, пилешките гради не треба да бидат целосно испржени.
  2. Лукот се чисти и се сечка/ренда со кујнска преса. Доколку немате ваква алатка, може ситно да го исечкате со нож.
  3. Пилешките гради се ставаат во тава. Врз нив се нанесува ситно сечканиот лук.
  4. Коцките супа се дробат и се ставаат врз пилешкото месо. На крај, месото се полива со неутралната павлака и се става во загреена рерна на 200 степени да се пече за време од 30 минути.
  5. За време на печењето, пилешките гради се превртуваат неколку пати.
  6. Печените пилешки гради се сечат на помали парчиња. Се сервираат со варен ориз, компир и салата по желба. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Пилешко со кикирики и прилог од ориз.

Сподели: