Печени свински шницли со крцкава кора

Печени свински шницли со крцкава кора

Имаме супер рецепт за највкусните печени свински шницли со крцкава кора! Дали обожаваш виенски шницли и похувани јадења? – Време е за дегустација и ново гурманско доживување, но во поздрава варијанта. Наместо пржени, направи печени свински шници, кои може да ги послужиш со салата или да ги искористиш во вкусен бургер. 

Со додаток на пармезан, за ручек како од ресторан! Изгледаат убаво и несекојдневно, а подготовката нема да ти одземе многу време. Во комбинација со чаша вино ќе бидат полн погодок за ручек или вечера!

Печени свински шницли со крцкава кора

Состојки:

  • 500г свински бут
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • 40 г рендан пармезан
  • 50 г лебни трошки
  • 1/4 лажиче мелен пипер
  • 1 лажичка лук во прав
  • сол по вкус.

За декорација:

  • свеж магдонос
  • 1 лимон.

Подготовка:

  1. Свинскиот бут оставете го кратко да се одмрзни, а потоа исечете го на шницли со дебелина од 5-7 мм.
  2. Во помал сад ставете ги пармезанот и лебните трошки. Додајте мелен црн пипер, сол и измешајте.
  3. Со готварска четка премачкајте ги шницлите со масло.
  4. Тавата за печење премачкајте ја со масло.
  5. Потоа, секоја шницла извалајте ја во садот со лебните трошки и ставете ја во тавата за печење.
  6. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени за време од 40-45 минути.
  7. Печените свински шницли декорирајте ги со магдонос и тенко исечкани кругови лимон. Послужете ги додека се топли со гарнир по желба. На здравје!

Совети плус:

  • За добро да ги исечете свинските шницли, препорачуваме да користите кратко одмрзнато месо.
  • Наместо пармезан може да искористите и биено сирење.

Ви препорачуваме да прочитате: Свинско каре во сос од шампињони.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: