Полнети топчиња од ориз 1

Полнети топчиња од ориз

Мали, симпатични и екстра вкусни! Баш вака може да ги опишеме полнетите топчиња од ориз кои ги приготвивме во нашата кујна. Овој пат решивме да ви презентираме интересна идеја со омилениот ориз и производи од Сончева долина. Изберете домашен, Сан Андреа, бисерен или кочански ориз, а крајниот резултат ќе ве воодушеви.

Инспирација за подготовка ни беа аранчините (Arancini) – топки од ориз кои имавме можност да ги дегустираме на патување во Италија. Направивме слична комбинација, па сега и вие ќе може да го почувствувате вкусот на италијанската кујна во својот дом. Полнетите топчиња од ориз ги препорачуваме како вкусно мезе за дружби со пријателите, лесен ручек или вечера. Послужете ги со сос по ваш избор и забавата може да започне.

Полнети топчиња од ориз 2 Полнети топчиња од ориз 4

Состојки:

За фил:

  • 100 грама кашкавал
  • ајвар, салама, кечап… по желба.

За похување:

Полнети топчиња од ориз 3 Полнети топчиња од ориз 5

Подготовка:

  1. Во сад на оган на умерена температура ставете ги оризот, вода и мешаниот зачин. Варете го оризот за време од 10-15 минути, додека водата испари, а потоа садот тргнете го од огнот. Садот поклопете го со капак и оставете го уште 10-тина минути.
  2. Потоа во садот додајте ги сечканиот магдонос и пармезан, и измешајте.
  3. Кашкавалот исечете го на мали коцки со димензии 7*7 мм. По желба кашкавалот може да го изрендате, да додадете рендана салама и кечап, и да направите пица фил.
  4. Со помош на помала лажица за сладолед од смесата од ориз формирајте топчиња со еднаква големина.
  5. Со навлажнети раце земете едно топче од оризот и во дланката притиснете го. Во средината ставете коцка кашкавал. Потоа формирајте топка. Постапката повторете ја со преостанатиот ориз.
  6. Јајцето ставете го во подлабока чинија и изматете го со виљушка. Брашното ставете го во друга чинија. Во малку подлабока чинија ставете ги лебните трошки и ориганото од Сончева долина, а потоа измешајте ги.
  7. Земете едно топче од ориз и извалкајте го во брашното, потоа во јајцето и на крај во лебните трошки со оригано. Постапката повторете ја со сите топчиња.
  8. Топчињата пржете ги во нелеплива тава со загреаното масло за време од 3-4 минути, додека поруменат. Пржените топчиња од ориз извадете ги на кујнска салфетка за да се впие вишокот на масло. Послужете ги додека се топли со сос по желба. На здравје!
Полнети топчиња од ориз 6 Полнети топчиња од ориз 7

Ви предлагаме да прочитате: Која е разликата меѓу белиот и интегралниот ориз?

*Комерцијален рецепт

Сподели: