Размислував што вкусно да ви приготвам овој пат! Пролетта, постите и велигденските празници ме инспирираа да направам сладок посен куглоф со ореви. Додадов и брусница, а декорирав со бело чоколадо и јагоди.
Мек и сочен, ароматичен и сладок! Слатко засладување за било кој период од годината! Уште пред да започнеме ќе ви кажам, дуплирајте ги состојките и печете го куглофот во поголем калап, затоа што е превкусен. Направете го и послужете го со топло кафе и добро друштво.
Состојки:
- 1 чаша шеќер
- 1 чаша гриз од Жито Лукс
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- кора од 1 лимон
- 1 чаша газиран сок од портокал
- ½ чаша масло
- 1 чаша Екстра бело брашно од Жито Лукс
- ½ ќесичка прашок за печиво
- 50 г толчени ореви
- 20 г сечкана брусница.
Состојки за чоколаден прелив:
- 150 г посно бело чоколадо.
Подготовка:
- Во длабок сад се ставаат шеќерот, гризот, ванилинот шеќер и кората од лимон, а потоа се додава сокот. Добро измешаните состојки се оставаат околу 2 часа на собна температура, за да може гризот да набабри.
- Во садот се додава маслото и се меша се додека се изедначи.
- Брашното се меша со прашокот за печиво. Потоа се додава во садот со гризот и се соединуваат состојките. Во садот се додаваат оревите и брусницата.
- Смесата се става во силиконски калап за куглоф. Се пече во загреана рерна на 180 степени за време од 30-40 минути.
- Откако ќе се испече, се остава да се излади врз кујнска решетка. Потоа внимателно се вади од калапот.
- Чоколадото се растопува на пареа. Куглофот се чоколадира и украсува по желба. Подготовката погледни ја на видеото. На здравје!
Совети плус:
- За подготовката може да се користи вода наместо газиран сок од портокал.
- Наместо кора од лимон, може да се стави кора од портокал. А наместо брусница може да се додаде суво грозје или друго овошје по избор.
- Овој рецепт е дел од колекцијата на брзи рецепти кои ги приготвивме заедно со Жито Лукс. Ви подаруваме книга со рецепти и гриз со секое купување на 2 пакувања Екстра бело брашно. Искористете ја промотивната понуда и уживавајте во празниците!
Разгледај повеќе слатки идеи и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Може да те интересира: Брзи чоколадни мафини без миксер – од кујната на Марија Кочовска.
*Рецептот е овозможен од Жито Лукс.