Посен рецепт за Фанурија - колачот за желби 1

Посен рецепт за Фанурија – колачот за желби

Секоја година, многу од нас со нетрпение го очекуваат овој празник. Познаваме многу на кои им се исполнила желба. И веруваме на нивната радост кога зборуваат за тоа, па срдечно го споделуваме со вас овој посен рецепт за Фанурија, кој ни доаѓа од кујната на Лидија!

Го направила со мерак, прекрасен. А вие, може да го декорирате и поинаку, како што сакате. Ова слатко лепче се верува дека исполнува желба и ние искрено посакуваме да се исполни и вашата. Свети Фануриј се празнува на 9-ти Септември, а лепчето се прави од 9 состојки во најголем број од нашите краеви. Традицијата вели, замисли ја желбата додека го месиш (или мешаш) и повтори ја три пати, а потоа, ако можеш, однеси го во црква и додека попот пее, повторно спомни си ја желбата. Па, драги наши, нека е за многу години и нека се исполнат желбите на сите нас!

Повеќе за традицијата и значењето на празникот Св. Фануриј може да прочитате тука.

Посен рецепт за Фанурија - колачот за желби 2

Состојки:

  • 250 г брашно
  • 200 г шеќер
  • 3 лажички печиво
  • 2 лажички ванилин шеќер
  • 250 мл врела вода
  • 75 мл масло
  • 1 рендано јаболко
  • 1-2 лажички цимет
  • 100 ореви или бадеми

За декорација:

  • 1 јаболко.

Подготовка:

  1. Во сад прво се мешаат сувите состојки.
  2. Потоа, се додаваат маслото, претходно ренданото јаболко и врелата вода.
  3. Се меша убаво и се става да се печи во претходно обложена тава бр.24, со хартија за печење.
  4. Се украсува по желба, најчесто со состојките кои ги има внатре во рецептот. Може да украсите со ореви и/или јаболко.
  5. Се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 45 минути, а најдобро боцнете со дрвена чепкалка за да сте сигурни.

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, slatkitajni.com

Ви препорачуваме да прочитате и: Испробан рецепт за Фанурија.

Сподели: