Посна италијанска салата

Посна италијанска салата со макарони и зеленчук – од кујната на Марија Кочовска

Кулинарски да патуваме, истражуваме и да ги дегустираме највкусните јадења од светот! Разгледувајќи низ интернет сретнав неколку фотографии од италијанска салата со макарони и зеленчук. Интересно е што се комбинира со зеленчуци, па реков да направам посна верзија и да го дегустираме овој рецепт. 

Шарена, вкусна и едноставна за подготовка! Оброк салата која можеш да ја понесеш на работа, училиште или излет. Секој може да направи своја варијација и да ја прилагоди по вкус. Снимив и видео од подготовката, кое може да го погледнеш надолу во текстот. 

Посна салата со макарони со автор Марија Кочовска

Состојки:

  • ½ марула
  • 100 г макарони
  • 100 г посен кашкавал – Vegan Natura од Млекара Тетово
  • ½ краставица
  • 1 домат
  • 100 маслинки
  • 1 чаша замрзната пченка
  • Оригано и сол по вкус.

За сос:

  • Посен мајонез
  • Течност од кисели краставички
  • Оригано. 
Посна италијанска салата со макарони

Подготовка:

  1. Макароните сварете ги според упатството. Изцедете ги и оставете ги да се изладат. 
  2. Пченката сварете ја и оставете ја да се излади. 
  3. Марулката исечкајте ја. Краставицата пресечејте ја на половина, а потоа исечете ја на листови. Доматите исечакајте ги на коцки. 
  4. Во голема чинија ставете ја марулата, додајте ги макароните, посниот кашкавал и зеленчуците. Зачинете со оригано и сол по вкус. Измешајте ја. 
  5. Во мала длабок чинија ставете мајонез. Додајте течност од кисели краставички и измешајте за да се добие течен сос. Додајте оригано и сервирајте го сосот со салатата. На здравје!

Совети плус:

  1. За подготовката користите мали макарони во различни форми. 
  2. Ако не постите, ставете крајви или мешан кашкавал од Млекара Тетово. Во сосот, течноста од киселите краставичи заменете ја со јогурт. 
  3. Разгледај ги профилите на Млекара Тетово на Facebook и Instagram и дознај повеќе рецепти.
Посна италијанска салата со тестенини

И за крај, ако ти се допадна овој рецепт и сакаш да погледнеш повеќе посни рецепти, посети ги моите профили и заследи ме:

Може да те интересира: Брза посна салата со макарони и златна мешавина.

*Рецептот е овозможен од Млекара Тетово.

Сподели: