Посна крем супа од моркови 1

Посна крем супа од моркови

Кога станува збор за крем супа, може да кажеме дека е лесно да се направи, но треба да се знае како, посебно ако е посна. Токму затоа, со голема радост споделуваме нов испробан рецепт за посна крем супа од моркови која е испробана во кујната на нашата соработничка Лидија. А знаете нели? – Сите рецепти кои таа ги споделува со нас се многу добри! Вкусна е и изобилува со здрави состојки и многу зеленчук, па претставува навистина здрав и полн оброк или предјадење.

Со помош на зеленчуковите крем супи многу лесно ќе ги убедите вашите деца да внесат доволно количество на разновиден зеленчук кој инаку не им е баш најомилен. Па, подгответе ја и направете нешто добро за здравјето на вашите сакани.

Посна крем супа од моркови 2

Состојки: 

  • 8 моркови
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 л вода
  • 1 коцка зеленчукова супа
  • 200 мл кокосово млеко
  • 2-3 см ѓумбир
  • масло по вкус
  • сол и црн пипер по вкус
  • сок од лимон по желба

Подготовка:

  1. Кромидот и лукот исчистете ги и ситно исечкајте ги.
  2. Потоа, ставете ги во подлабок сад и кратко потпржете ги на загреано масло.
  3. Во меѓувреме исчистете ги морковите и исечете ги на покрупни парчиња.
  4. Парчињата морков додајте ги во садот со омекнатиот кромид и лук.
  5. Додајте ја водата, како и коцката за супа, па варете додека морковите омекнат.
  6. На крај додајте го кокосовото млеко, лимоновиот сок и по желба претходно изренданиот ѓумбир.
  7. Изблендирајте ја супата со помош на рачен блендер и зачинете ја по ваш вкус со сол и црн пипер. Доколку супата ви изгледа прегуста може да додадете вода додека не ја добиете посакуваната густина. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Посна крем супа со лук.

Сподели: