Време е за радост во домот и најубави коледарски песни! Традиционално приготвуваме посни бадникови колачиња кои коледарчињата нетрпеливо ги очекуваат. Оваа година ќе им ги поделиме премачкани со мармалад од мешано овошје од Рес-Ком за уште послатки празнични денови.
Секако, може да ги премачкате со мармалад по избор, а наш предлог се кајсија, шипка или слива. Направете ги и уживајте во празничната магија!
Состојки:
- 500 г брашно
- 1 голема супена лажица сув квасец
- ½ чаша шеќер
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- кора од 1 портокал
- 1 лажица масло
- прстофат сол
- млака газирана вода по потреба
- мармалад од мешано овошје од Рес-Ком.
За декорација:
- 20 г маргарин на собна температура
- 4-6 лажици шеќер во прав
- 1 лажица газирана вода
- прехранбени бои по желба (црвена и зелена).
Подготовка:
- Во сад за месење се ставаат пресеаното брашно, сувиот квасец, шеќерот, ванилиниот шеќер, кората од портокал и солта. Состојките се мешаат со лажица.
- Во садот се додаваат маслото, газирана вода по потреба и се замесува средно меко тесто.
- Од тестото се сучи кора со дебелина од 1 см. Со помош на метален калап се формираат човечиња.
- Доколку немате калап, може да формирате топчиња со различна големина. Од секое топче се прави тесто во форма на цилиндар. Секој цилиндар, со големина од приближно 10 см се изработува така што од горниот дел се прави мало топче во форма на глава, која не се одделува од остатокот од тестото, а од другиот дел се дооформува тело, така што главчето и телото се неразделени.
- Колачињата се редат во тава обложена со хартија за печење и се оставаат за време од 15 минути за да нараснат.
- Потоа се печат во загреана рерна на 230 до 250 степени додека заруменат. Печените бадникови колачи се оставаат да изладат.
- Во меѓувреме се приготвува смесата за декорација. Во сад се става маргаринот и лажица по лажица се додава шеќерот во прав. Смесата се меша со виљушка за да се соедини. На крајот се додава газираната вода и се меша. Смесата се дели на три дела. Во едниот дел се додава црвена прехранбена боја, а во другиот дел се става зелена боја. Со помош на готварски шприц бадниковите колачиња се декорираат по желба. На крај се лепат со мармалад од мешано овошје.
Совет плус: Важно е колачето изгледа како мало бебе кое всушност го претставува новородениот младенец Христос. Колачињата им се делат на децата кои на Бадник го посетуваат домот. Нека се среќни и весели празниците!
Ви предлагаме да прочитате: Бадникова трпеза за богата година.
*Спонзориран текст.