Посни колачи за сечиј вкус! Рецептот е од нашата пријателка Елена, а овие посни колачи со пиво, гриз и кокос се приготвуваат многу едноставно и лесно. Пивото има дава рофитост, а кокосот ја збогатува нивната арома.
По желба во шербетот може да додадете една до две ќесички ванилин шеќер и свежо цеден сок од лимон. Во некои краеви на Македонија вкусните посни колачи со пиво се познати како пиварки.

Состојки:
- 3 чаши брашно
- 1 чаша масло
- ½ чаша пиво
- ½ ќесичка прашок за печиво
- ½ чаша гриз
Шербет:
- 600 гр шеќер
- 450 мл вода.
Подготовка:
- Во длабок сад за месење ставете ги брашното, маслото, пивото, прашокот за печиво и гризот. Добро измешајте ги и замесете тесто.
- Со помош на сукало, од тестото исучете кора. Со кружен калап или мала чаша од кората исечете кругови.
- Колачите редете ги во намрсена тава за печење. Печете ги во загреена рерна на 220 степени за време од 15 до 20 минути, додека добијат румена боја.
- Печените колачи оставете ги да се изладат.
- Во тенџере на оган ставете ги шеќерот и водата да се варат. Шербетот варете го 5 минути, а потоа оставете го кратко време да се излади.
- Изладените колачиња потопете ги во шербетот за време од 5 минути, за убаво да упијат од течноста, а потоа наросете ги со кокос.
Ви предлагаме да прочитате: Посни шербет колачи.