Вакви вкусни печени плескавици од црвена леќа се вкусни и за време на пости и секој ден! Додатокот на неколку зачини ги прави многу вкусни, а за правење е доста лесно.
Ако не сакате да ги јадете во посна варијанта како што е во предложениот рецепт од Кате, ние пробавме до додаток на мелено месо во составот и резултатот беше екстра и во тој случај. Останува на вас да изберете вкус по желба.

Состојки:
- 125 г црвена леќа
- 1 мала главица кромид
- 1 морков
- 1/2 тиквичка
- 3 чешниња лук
- 1/2 лажичка прашок за печиво
- 1/2 лажичка ким
- 1 лажица сечкан магдонос
- 1 лажиче куркума
- лебни трошки по потреба
- маслиново масло, сол и црн пипер по потреба.
Подготовка:
- Ставете ја леќата во ладна вода да отстои преку ноќ. Пред да ја приготвите измијте ја и убаво исцедете.
- Наредниот ден, ставете ги киснатата леќа, кромидот и кимот во сечко. Откако ќе ги исечкате префрлете ја смесата во длабок сад.
- Во меѓувреме, во тава на оган ставете масло да се загрее.
- Во тавата со загреано масло додајте ги ренданите тиквичка и морков и сечканото лукче.
- Кратко пропржете за малку да омекнат.
- Оставете да се изладат, а потоа додајте ги во садот со леќата.
- Додајте го и печивото, куркумата и магдоносот.
- Промешајте, па постепено додавајте од лебните трошки.
- Додавајте додека добиете смеса со соодветна густина и лепливост, за да може да ги оформите плескавиците.
- Со намрсени раце земајте од смесата и формирајте ги плескавиците.
- Наредете ги во плех, кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.
- Премачкајте ги со маслиново масло и печете на 200 степени, околу 15-20 минути. На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Вегетаријански плескавици од леќа.