Кои се придобивките од консумацијата на пченкарно брашно 1

Кои се придобивките од консумацијата на пченкарно брашно?

Пченката е житарка која често се консумира во вид на конзервирана пченка, варена пченка(кочан) или како пуканки. Постојат повеќе сорти пченка, а најчесто употребувани сорти се шеќерната пченка и пченката од која се прават пуканки. Пченката е карактеристична по тоа што е уште една безглутенска житарка и денес се поголема примена наоѓа во исхраната на лицата кои имаат целијачна болест. Од неа може да се добие пченкарно брашно кое се користи во мешавини за разни видови леб, печива или за пченкарна пита – кај нас позната како проја. Пченката не содржи глутен, но затоа пак содржи многу други корисни материи за кои можете да прочитате во продолжение.

Нутритивен состав на пченкарното брашно

Брашното од цело зрно пченка е богат извор на растителни влакна, антиоксиданти, витамини и минерали. Исто така содржи и одредена количина на протеини и масти. Нутритивниот состав на 100 гр интегрално пченкарно брашно, е даден во табелата подолу.

  • Енергија 361 Ккал (18% од дневните енергетски потреби)
  • Протеини 6,9 гр (14% од дневните потреби)
  • Растителни влакна 7,3 гр (29% од дневните потреби)
  • Витамин Б-6 0,4 мг (18% од дневните потреби)
  • Магнезиум 93 мг (13% од дневните потреби)
  • Железо 2,4 мг (13% од дневните потреби)
  • Манган 0,5 мг (23% од дневните потреби)
  • Селен 15,4 микрограми (22% од дневните потреби)
  • Тиамин 0,2 мг (16% од дневните потреби)
  • Масти 3,6 гр (6% од дневните потреби).
pcenka pcenkarno brasno 2

Здравствени придобивки од редовната консумација на пченка и интегрално пченкарно брашно

  1. Го подобрува и штити здравјето на очите поради моќните антиоксиданти кои ги содржи (зеаксантин и лутеин).
  2. Превенира појава на дивертикулоза.
  3. Некои состојки на пченката можат да се најдат во улога на храна за добрите бактерии во нашите црева, со што ја подобруваат дигестијата и го намалуваат ризикот од појава на рак на дебелото црево.
  4. Помага во регулација на крвниот шеќер. Поради влакната и протеините што ги содржи пченката е добра за регулирање на гликемијата.
  5. Пченката е житарка која овозможува добра исхранетост на нашиот организам поради тоа што ја подобрува искористливоста на некои витамини и минерали.
  6. Таа е добар извор на витамини од Б-комплексот и на многу антиоксиданти како што се: антоцијанини, лутеин, бета-каротен, зеаксантин, кумаринска киселина, ферулична киселина.

Сподели: