Песто сосот е традиционален италијански специјалитет кој потекнува од Џенова, а се приготвува многу брзо и едноставно. Одлично се вклoпува со разни тестенини, а голем број готвачи го комбинираат и со ориз. Пробајте го вкусот на италијанската традиција!

Состојки:
За песто сос:
- 30 гр свежи листови од босилек
- 25 гр пармезан
- 30 гр пињоли, кратко печени во тава (во замена можете да употребите индиски ореви)
- 1 чешне лук
- сол, црн пипер
- 150 мл маслиново масло
За сервирање:
- 320 гр тестенини (макарони, шпагети и сл.)
Подготовка:
- Најпрво ставете ги пињолите или индиските ореви во блендер, потоа додајте ги босилекот и чешнето лук и изблендирајте на крупни парчиња.
- Потоа додајте го маслиновото масло и продолжете да блендирате. Ќе добиете убава мазна и хомогена смеса.
- Додајте го и пармезанот и повторно кратко изблендираjте.
- Следува зачинување на песто сосот. Може да имате чувство дека е доволно солено од сирењето, а вкусот е уште подобар ако ставите прстофат сол и убаво наросите со црн пипер. Измешајте добро со лажичка и пробајте за да се осигурате во добриот баланс на состојките, а имајте на ум дека секогаш зависно од вашиот вкус и желби може да додадете повеќе пињоли, пармезан, сол или црн пипер.
Светски познатиот песто сос е готов и спремен за сервирање.
Совет плус: Тестенините треба да бидат топли, а додадениот песто сос не се готви, туку само се додава во нив, малку се меша и оброкот може да се дегустира. На здравје!