Популарната Coleslaw салата е една од класичните салати која е популарна ширум светот. Се прави од зелена зелка, моркови и кремаст прелив. Па, ако сакате да направите малку поразлична салата која ќе ја послужите со сендвичи или хот дог, еве супер рецепт.
Оваа салата може да ја послужите со 3 различни преливи. Најчесто се користи прелив направен од мајонез. Но, доколку сакате да ја направите во поздрава варијанта може да направите комбинација од мајонез и кисела павлака, или мајонез и матеница.

Состојки:
- 1 кг зелка (1 помала зелка)
- 2 до 3 големи моркови (3 чаши рендани моркови)
- 1 лажичка сол
- 1 ¼ прелив за coleslaw салата.
Прелив од мајонез за coleslaw салата:
- 1 чаша мајонез или ½ чаша кисела павлака и ½ чаша мајонез
- ¼ чаша бела винска или јаболкова киселина
- 1 лажица шеќер
- ½ лажица сол.
Подготовка:
- Зелката пресечете ја на половина и отстранете ги горните листови. Секоја половина пресечете уште еднаш, а потоа ситно исчекајте ја. По желба зелката може да ја изрендате или да се исечкате со блендер. Ситно сечканата зелка ставете ја во длабока чинија за салата.
- По желба, зелката може да ја посолите. На тој начин, таа ќе биде крцкава подолго време. Зелката ставете ја во цедилка и посолете ја со сол. Цедилката поставете ја врз чинија и оставете ја да стои час до два. Потоа исцедете ја течноста од зелката и продолжете да ја правите салатата.
- Морковите излупете ги, па ситно исечкајте ги. По желба може да ги изрендате или да ги исечкате со блендер. Сечканите моркови додајте ги во чинијата со зелката и измешајте.
- Во чинија ставете ги состојките за преливот. Пробајте малку од преливот и по желба додајте повеќе сол, шеќер или киселина.
- Приготвениот прелив ставете го во садот со зелката и морковите, а потоа добро измешајте.
- Приготвената coleslaw салата ставете ја во фрижидер еден час пред сервирањето. Доколку обожавате покремаста салата ставете од преливот врз сервираната салата или додајте 1 лажица мајонез пред да ја послужите. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате:Посен прилог од зелка и моркови.