покачен крвен шеќер домашни лекови

Руски рецепти против покачен крвен шеќер

Здравствените проблеми со покачен крвен шеќер доведуваат до појава или развој на дијабетес (шеќерна болест), која е една од најраспространетите болести во светот. Затоа, како помош ви нудиме неколку рецепти од руската алтернативна медицина кои може да ги направите дома и лесно, па може да си помогнете себе или на своите блиски.

Одржувањето на нормалното ниво на шеќерот во крвта е прво најважно правило за секој човек кој страда од шеќерна болест, токму затоа покрај терапијата препишана од лекар, добро е да пробате и алтернативна помош. Постојат 3 рецепти од руската алтернативна медицина чиј ефект е докажан и се корисни за намалување на нивото на покачен шеќер во крвта и негово одржување под контрола. Тие се лесни за подготовка и достапни за секој кој има потреба да го намали или одржи нивото на крвниот шеќер.

покачен крвен шеќер домашни лекови

Во продолжение прочитајте ги едноставните и пристапни рецепти:

Рецепт со лук и рен за намалување на крвен шеќер

Состојки:

  • корен од рен со должина од околу 20 см и дебелина од околу 2 см
  • 9 чешниња лук
  • свежо квалитетно пиво
  • стаклено шише или тегла.

Подготовка:

Коренот од рен добро измијте го, но не лупете го. Ситно исечкајте го и ставете го во тегла. Лукот излупете го, добро измијте го и исечкајте го, па ставете го во теглата. Добиената смеса полијте ја со свежо пиво во количина од отворот до  стеснувањето на шишето. Потоа поклопете ја теглата со капак и ставете ја во темна просторија да отстои 10 дена. Откако смесата ќе биде готова исцедете ја.

Начин на употреба: првите 2 дена пијте по 1 лажичка и тоа 2-3 пати на ден, а наредните денови по 1 супена лажица, 3 пати на ден пред јадење.

Рецепт од овес за намалување на крвен шеќер

Состојки:

  • 50 гр овес
  • 500 мл вода.

Подготовка:

Овесот полијте го 500 мл превриена и изладена вода. Смесата ставете ја на тивок оган, оставете ја да зоврие, а потоа нека врие така 10-15 минути. Откако добро ќе изврие садот тргнете го од оган покријте го и оставете го да стои 1 час.

Начин на употреба: 3-4 пати на ден по половина чаша пред јадење. Време на употреба 2 до 3 недели.

Рецепт за намалување на шеќер во крвта со јајце

Состојки:

  • 1 јајце
  • сок од 1 лимон.

Подготовка:

Во сад добро изматете го јајцето, а потоа додајте го сокот од лимонот и добро измешајте.

Начин на употреба : Секое утро на празен стомак.

Време на употреба: најмалку 2 недели.

Не заборавајте да ја користите терапијата која е препишана од вашиот доктор. Ви посакуваме добро здравје!

Сподели: