Совети при подготовка на велигденски козињак (милиброд)

Велигденскиот козињак е мек, со пријатен малку сладок вкус и цитрусна арома која доаѓа од кората од лимон во составот. Тој е вкусен сам по себе, но има уште подобар вкус доколку се послужи со путер или омилениот џем. Карактеристичната златно-кафеава боја повикува да каснеш уште едно парче, нели? А кои се тајните на совршениот велигденски козињак? Ги прашавме искусните домаќинки, а еве некои совети од нив за подготовка на велигденски козињак.

Зошто козињакот не нараснува?

Постојат повеќе можни причини зошто козињакот не нараснува. Квасецот кој го користите за подготовка можеби е стар, течноста која ја додавате при подготовка можеби е многу топла, или пак го чувате тестото на ладно место при подготовката. Секогаш проверете го датумот на квасецот кој го користете, а при додавање на течност (млеко или вода) таа треба да биде млака. Идеалната температура на течноста треба да биде од 35 до 45 степени Целзиусови. Доколку ги следите овие чекори, а ви останува уште температурата на собата каде што го чувате тестото, треба да знаете дека идеалната температура треба да биде од 23 до 29 степени.

совети при подготовка на велигденски козињак

Користете мармалад, чоколаден крем или суво овошје за уште подобар вкус

За уште подобар вкус при подготовката користете мармалад, чоколаден Луна или Вита крем, или суво овошје. Ви препорачуваме да користите мармалад од јагода, праска или кајсија од Витаминка. При подготовката на козињак корите можете да ги премачкате со мармалад или чоколаден крем и да ги завиткате како ролна, а потоа да сплетете плетенка. Исто така во тестото можете да додадете суво овошје, по желба.

Која е тајната на печењето?

За да добиете козињак со убава златно-кафеава боја многу е важна постапката на печењето. Козињакот може да го печете кратко време на температура од 200 степени, а потоа истата да ја намалите на 160 степени. Друга опција е да го печете козињакот на 160 степени за време од 1 час. Доколку забележите дека козињакот за брзо време потемнел, покријте го со алуминиумска фолија и продолжете со печење.

Дали козињакот може да се замрзни?

Да, козињакот може да се приготви неколку дена порано и истиот да се замрзни. Најдобро е да се замрзни цела векна, а не сечен на парчиња. Доколку имате парчиња ставете ги во кеси за замрзнување со херметичко затворање. Замрзнатиот козињак искористете го во рок од 3 месеци. При одмрзнување, оставете го на собна температура за време од неколку часа, а најдобро е преку ноќ.

Кога се јаде велигденскиот козињак?

Велигденскиот козињак традиционално се служи на Велигден, а и неколку денови по празникот. Може да го приготвите и јадете во било кој дел од годината. Одличен е за појадок со чаша чај или млеко.

Ви предлагаме да прочитате: Брз велигденски десерт во чаша со пудинг од ванила.

*Спонзориран текст

Сподели: