Солен чизкејк со песто од магдонос и спанаќ

Ги обожаваме традиционалните рецепти, но секогаш сакаме да испробаме нешто ново и вкусно. Така, ги забележавме овие солени чаши кои веднаш ни привлекоа внимание. А штом ги прочитавме состојките, знаевме дека и вие ќе сакате да ги пробате. Затоа го споделуваме рецептот за солен чизкејк со сирење и песто од магдонос и спанаќ.

Оваа супер комбинација и креативен рецепт за солен чизкејк ни доаѓа на предлог на Диана, која рецептот го објави на нејзиниот блог Trydiani.

солен чизкејк

Состојки:

  • 150 грама моцарела (по можност оригинална од биволско млеко)
  • 150 грама крем сирење
  • 1 до 2 лажици павлака или млеко
  • 4-8 лажици кршени солени бисквити или соленки по избор
  • пресно мелен црн пипер
  • домати и рукола за декорација.

За песто сос:

  • 2 чаши магдонос
  • ½ чаша спанаќ
  • ¼ чаша рукола
  • ¼ чаша масло
  • 1 лажица пармезан
  • 1 до 2 супени лажици свежо цеден сок од лимон или по вкус
  • лимонова трева и сол по вкус.

Подготовка:

  1. Прво се подготвуваат чашите за сервирање. На секоја од нив се ставаат кршени солени бисквити.
  2. Моцарелата се сечка на коцки. Потоа се става во тенџере на оган на умерена температура да се растопи со 1 лажица павлака. Постојано се меша додека моцарелата се растопи. Тенџерето со растопената моцарела се трга од огнот и се додава крем сирењето. Кратко се меша, а ако кремот е многу густ се додава уште павлака.
  3. Кремот од сирење се става во чашите врз основата од бисквити. Потоа, чашите се ставаат во ладилник.
  4. Магдоносот, спанаќот и руколата се ставаат во блендер. Се додаваат маслото, пармезанот, сокот од лимон, сол и лимонова трева по вкус. Се пасираат додека се добие хомогена смеса.
  5. Вака приготвеното песто се става во изладените чаши. Се декорира со домати, рукола, мелен црн пипер, а за постигнување на медитерански вкус може да се послужи со маслинки. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за песто сос – прилог за тестенини.

Сподели: