Сочно интегрално лепче со моркови 1

Сочно интегрално лепче со моркови

Засукајте ги ракавите и на вашето семејство направете му вистинска кулинарска фантазија во облик на интегрално лепче со моркови. Ваквите лепчиња нам ни се омилени, а веруваме дека и на повеќето од вас. Тие се вкусни и хранливи, заменуваат целосен оброк. Па, во комбинација со чаша јогурт и здрав домашен намаз ова лепче е совршен лесен појадок.

Ова сочно, меко и превкусно лепче ни доаѓа од кујната на Лидија. Направено е од мешавина на интегрално и бело брашно, моркови и овесни снегулки. Еве го рецептот.

Сочно интегрално лепче со моркови 2

Состојки:

  • 50 г квасец
  • 600 мл топла вода
  • 2 рендани моркови
  • 100 мл масло
  • 1 лажичка сол
  • 1,5 лажичка мед
  • 80 г овесни снегулки
  • 200 гр интегрално грахам брашно
  • 750-800 г бело брашно
  • ким по желба
  • 100 г семки по желба.

Подготовка:

  1. Во длабок сад за месење ставете ги топлата вода и квасецот. Добро промешајте ги за квасецот да се растопи.
  2. Потоа, додајте ги и маслото, солта морковите и медот. Сите состојки добро промешајте ги, па додајте ги и интегралното брашно, овесните снегулки, семките, кимот, маслото, а на крај и белото брашно со постојано мешање. Треба да добиете тесто со малку леплива конзистенција.
  3. Вака подготвеното тесто покријте го со кујнска крпа и оставете го да нарасне, за време од околу 1 час.
  4. На добро набрашнета работна површина, премесете го тестото и поделете го на два дела.
  5. Од двата дела тесто оформете 2 лепчиња по ваша желба и ставете ги во плех за печење кој претходно сте го обложиле со мрсна хартија или во калапи за леб.
  6. Вака подготвениот леб оставете го да нарасне уште 30 минути.
  7. Потоа, оформените лепчиња пресечете ги со нож на неколку места, премачкајте ги со ладна вода и поросете ги семки по желба.
  8. Лебот печете го на најниската позиција во рерната, на 200 степени околу 30-40 минути. На здравје!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, slatkitajni.com.

Ви препорачуваме да прочитате: Вкусно домашно лепче без месење.

Сподели: