Спелта е стара сорта на житарица која е богата со растителни влакна, како и некои минерали кои не се наоѓаат во пченицата. Нејзините извонредни прехрамбени својства ја вреднуваат според традиционалната медицина на многу култури како намирница која ја враќа силата и е одлична за опоравување после болести или поголеми оптоварувања на организмот.
Спелтата ги содржи сите витамини од Б групата, со исклучок на Б12, а има 7-8 пати повеќе калциум, магнезиум, фосфор и селен од останатите житарици.

Бидејќи во неа минералите се врзани со органски јаглерод, во организмот можат да се апсорбираат комплетно. Зрното спелта содржи значителна количина на цинк, а има релативно низок гликемиски индекс. Тоа својство помага за одржување на нивото на шеќер во крвта во нормала.
Во споредба со пченицата, спелтата има неколку предности. Глутенот од спелтата е растворлив во вода, а кога се загрева се разложува и е многу полесно сварлив. Така, за разлика од пченичниот глутен кој кога ќе дојде до органите за варење формира „топчиња“ кои е прилично тешко да се сварат.
Исто така, сортите на пченица кои се користат во денешно време, во својот состав содржат ензими инхибитори (кои во главно служат за заштита од инсекти), а дополнително го отежнуваат варењето. Спелтата не ги содржи овие инхибитори, па затоа многу полесно се вари.
Така, од повеќе причини, за луѓето кои имаат проблем со варењето на храната, артритис, мигрени, чувствителни црева или кожни осипи, постои голема веројатност дека спелтата им одговара повеќе од обичната пченица. Сепак, бидејќи содржи глутен, спелтата не е погодна за лица кои имаат целијакија или се алергични на глутен.
Ви препорачуваме да прочитате: Пченица – една од основните намирници на нашата планета.