Суфле од тиквички и сирење 1

Суфле од тиквички и сирење

Ова суфле од тиквички и сирење е идеална идеја за појадок, брз ручек или лесна вечера! Се прави за помалку од 30 минути!

Можете да го испробате со брокула, карфиол или да направите микс од разни зеленчуци, да додадете сечкана сланина или зачински тревки за убаво да замириса… Сигурни сме дека ќе ви се допадне во било која комбинација!

Суфле од тиквички и сирење 2

Состојки:

  • 200 гр тиквички
  • 3 јајца
  • 60 гр рендан кашкавал
  • мало парче путер
  • сечкан магдонос
  • сол и црн пипер
  • мускантно оревче
  • малку брашно по потреба.

Подготовка:

  1. Тиквичките измијте ги, излупете ги, па исечете ги на ситни коцки и варете ги 10-тина минути.
  2. Потоа исцедете ги од вишокот течност и иситнете ги со рачен миксер или изблендирајте ги.
  3. Кога пирето малку се изладило, додајте ги, додајте ги жолчките од јајца една по една, наренданото сирење и на крај, снегот од белките кој сте го направиле во одделен сад. Ако смесата е многу течна, слободно додајте 1-2 лажици брашно.
  4. Посолете и наросете црн пипер по вкус, додајте го сечканиот магдонос и малку мускантно оревче и измешајте полека.
  5. Калапите за суфле намачкајте ги со путер, турете од припремената смеса од тиквички и печете во загреана рерна на 180 степени за време од 20-тина минути. За време на печењето не ја отворајте рерната. Кога ќе се формира убава коричка и суфлето убаво нарасне е готово. Послужете додека е топло. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Запечени тиквички со сирење и кашкавал.

Сподели: