Од кујната на Диана ни доаѓа супер вкусен рецепт за хумус со пиперки, во комбинација со млечен сос и зеленчук. Па уште кога ќе видиме колку убаво го декорирала, веднаш отвора апетит!
Пробајте го, ќе ви му се допадне на целото семејство.

Состојки:
- 2 чаши сварен наут (исцеден)
- ½ чаши печени црвени пиперки
- 1 лажица таан
- 1 лажица масло
- 1 лажица вода
- 1 лажица сок од лимон
- 1 чешне лук
- сол, црн пипер и кимион по вкус.
За млечен сос:
- 1 чаша кисело млеко
- 1 чешне лук
- сол по вкус
- свежо цеден сок од лимон
- ½ чаша сирење Фета
- ¼ чаша сечкани маслинки
- ¼ чаша сечкани домати
- 1 мала краставица
- 2 лажици свеж копар или оригано.
Подготовка:
- Во мал сад се мешаат сокот од лимон и водата. Во друг сад се мешаат сусамовиот таан и маслото. Во кујнски робот или сечко се ставаат варениот и исцеден наут, лукот и зачините. Смесата се миксира. Во хумусот се додаваат водата со лимоновиот сос и таанот. На крај се додаваат печените црвени пиперки. Миксирањето се продолжува додека се добие посакуваната хомогеност на хумусот.
- Хумусот се ставаа во чинија и се остава во ладилник за време од 1 час за да се соединат вкусовите.
- Потоа се приготвува млечниот сос. Во длабок сад се ставаат киселото млеко, копарот, лукот, сол и лимонов сок по вкус. По желба може да се додаде и дробено сирење. Сосот се меша.
- Во чинија за сервирање се ставаа хумусот. На едната половина се става од млечниот сос. Над сосот се ставаат парчињата краставица, домати, кромид и маслинки. Декорацијата се завршува со дробено сирење, масло и ситно сечкан копар.
- Хумусот со млечен сос се служи со парчиња леб. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Хумус од цвекло – посен намаз.