Чоколаден мус со SLC Meal Replacement 1

Чоколаден мус со SLC Meal Replacement од чоколадо – хранлив заменски оброк

Избирањето на состојките кои ги внесуваме во нашиот организам отсекогаш било важно. За да може телото да функционира нормално и да троши енергија, треба и да ја внеси. Бидејќи здравата, природна и урамнотежена исхрана е услов за добро здравје и виталност, ви предлагаме да го пробате рецептот на нашите пријатели SlimLine Club, за чоколаден мус со SLC Meal Replacement шејк од чоколадо кој како заменски оброк ќе биде добредојден на вашиот организам.

Погледнете ја нутритивната вредност на нашиот рецептот и дознајте зошто е добро да по подготвувате почесто. Вкупниот број на калории во една порција изнесува 328, а во нив има 27.05 грама јаглехидрати, 20.95 грама протеини и 28.4 грама масти. Во продолжение имате листа на состојките, а истата се однесува за подготовка на порција за едно лице.

Чоколаден мус со SLC Meal Replacement 2

Состојки:

  • 1 јајце
  • 30 гр темно чоколадо
  • 20 гр SLC Meal Replacement шејк од чоколадо
  • 1/2 лажичка путер
  • 1 лажичка рендана кора од портокал.

Подготовка:

  1. Прво одделете ја жолчката од белката, па во сад за матење убаво изматете ја белката.
  2. Чоколадото стопете го на пареа , па додадете го путерот, промешајте и на крај додадете ја и жолчката. Измешајте убаво и тргнете ја смесата од оган.
  3. Портокалот убаво измијте го, па изрендајте ја кората и додајте ја во белките. Исто така, додајте го и SLC Meal Replacement шејкот од чоколадо.
  4. На крај, додајте ја смесата од чоколадо, путер и жолчка во садот со белките и измешајте со лажица за да се добие еднородна смеса.
  5. Сервирајте во декоративна чаша и оставете да отстои во фрижидер барем 3 часа или додека се стврдне.  Декорирајте по желба и на здравје!

Имаме и една супер вест која можеби ќе ви се допадне, а пред се ќе ви користи! Оваа недела, од 20-26.03.2017 година, SLC Meal Replacement шејковите кои ги има во три вкуса: јагода, ванила и чоколадо, се на акција и за секој купен SLC Meal Replacement, гратис добивате од  SLC Advance капсулите! Отворете тука за да ја видите понудата или да нарачате, или јавете се на телефоните 078215929 и 02 270 0028.

Чоколаден мус со SLC Meal Replacement 22

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколадно смуди со банана од кое ќе бидете сити подолго време.

Сподели: