ладно чоколадно кафе

Чоколадно ладно кафе

Лето, топло време и освежително ладно кафе со неодолива арома на богат чоколаден крем! Звучи примамливо, зарем не? Време е за ново гурманско задоволство и паметење на летово со нашиот нов рецепт за чоколадно ладно кафе.

Ветуваме одличен вкус и моменти за уживање со пријателите. Подготовката е едноставна и само минута ве дели од чоколадното уживање. А за комплетно задоволство, ладното кафе послужете го со Атлантис торта – слатка морска идила за сечиј вкус.

ладно чоколадно кафе

Состојки:

Подготовка:

  1. Во блендер ставете ги млекото, инстант кафето, Луна кремот и ванилиниот шеќер. Блендирајте ги додека добиете хомогена смеса. Доколку немате блендер, може да користите и шејкер за кафе.
  2. Во 2 чаши ставете чоколаден прелив и неколку коцки мраз.
  3. Потоа, во чашите ставете го чоколадното ладно кафе. По желба дополнете со млеко и не заборавајте да уживате во светот на вкусовите!

Ви предлагаме да прочитате: Домашен чоколаден ликер со чоколадо и ванила.

*Спонзориран рецепт

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: