исхрана на тинејџери

Што да јадам на училиште? – Најдобри совети за исхрана на тинејџери

Многумина би рекле дека тинејџерските години се најубави, а ние ќе се сложиме со тоа. Тоа е период кој започнува од 12-тата година и трае до 20-тата година од животот. Се карактеризира со „бурен“ развој на децата, а во овој период потребни им се многу хранливи состојки. Исхраната и навиките кои се формираат за време на адолесценцијата се клучни за понатамошниот тек во животот. Па, што да јадат на училиште и дома? – Прочитајте кои се најдобрите совети за исхрана на тинејџери, препорачани од нутриционистите.

Мотивирани и со желба да им помогнеме за полесни тинејџерски денови и креирање на здрави животни навики, минатиот месец одржавме работилница во О.У. Коле Канински во Битола. Целната група ни беа учениците од 7-мо одделение кои штотуку ги започнаа своите тинејџерски денови. Во продолжение може да прочитате кои се најдобрите совети за исхрана во тинејџерскиот период кои ги препорачуваат експертите.

исхрана на тинејџери

Појадувајте секој ден

Можеби сте слушнале дека појадокот е најважниот оброк во денот. Затоа појадувајте во текот на првиот час по будењето. Појадокот треба да биде здрав и хранлив и да ја обезбеди потребната енергија во текот на денот. Притоа, добриот појадок треба да содржи протеини, интегрални житарици, овошје и чаша млеко или јогурт.

Наш предлог за добар појадок кој можете да го понесете и приготвите на училиште се Natura овесните оброци кои се достапни во три вкуса и тоа: овесен оброк со какао и банана, овесен оброк со суво грозје и цимет, и овесен оброк со какао и кокос. Богати се со протеини, растителни влакна и сложени јаглени хидрати кои ќе ви дадат чувство на ситост и енергија за убав почетокот на денот. А најважно од сѐ е тоа што лесно се приготвуваат. Содржината од кесичката ставете ја во чинија или чаша и прелијте ја со 100 мл млеко, јогурт или чај. Измешајте и оставете 2 минути за да омекне. Уживајте во вашиот сладок појадок!

Носете си ужина на училиште

Може да си направите сендвич од интегрален леб или оризови галети, парче сирење и зеленчук и да го понесете како ужина на школо. Оваа комбинација помага за стабилна енергија и концентрација за време на школските активности.

Задолжително ручајте

Можеби ручекот кој родителите го приготвиле не е секој ден по омилен вкус, но важно е да се знае дека тој е хранлив. Дополнет со супа или салата е прав избор за целото семејство. Препорачуваме да не се прескокнува и да се руча пред или по наставата.

Супер грицки за супер ден

Грицките се омилени меѓу тинејџерите, па секогаш ги имаат при рака. Како супер грицки кои може да ги предложиме се овошјето, сушеното и јаткастото овошје, семките од сончоглед и тиква, или пак оризовите галети од Natura.

исхрана на тинејџери

Вечерајте во исто време

Вечерата завршете ја до 19 часот. Јадењето доцна во ноќта ќе го наруши процесот на варење на храна, а тоа може да доведе со покачени килограми, лош изглед на кожата и појава на акни. За вечера најдобар избор е голема чинија салата, парче месо или риба и парче интегрален леб.

Ви препорачуваме да прочитате: Сѐ за храна одржа едукативна работилница во училиштето „Коле Канински“.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: