Што е воспаление, што го влошува и кои 25 намирници помагаат

Што е воспаление, што го влошува и кои 25 намирници помагаат

Знаете ли што е тоа воспаление? Се борите ли преку секојдневната исхрана против хроничните заболувања?

Воспаление е обид на телото да се самозаштити, односно целта е да се отстранат штетните стимуланси, вклучувајќи ги и оштетените клетки, иританси или патогени причинители за на крајот да започне процесот на лекување, и може да се каже дека е дел од имунолошкиот одговор на телото.

Зборот воспаление доаѓа од латинскиот „inflammo”, што ознаува „Јас воспалувам, јас заздравувам”. Кога нешто влијае штетно или иритирачки врз некој дел од нашето тело, во обид да се спречи и отсрани тоа од организмот се јавува биолошки одговор кој има за цел да ги редуцира знаците и симптомите на воспалението. Посебно кога станува збор за акутна инфламација, организмот покажува дека се бори и се обидува да се исцели самиот себе. Често пати, штом се спомене зборот воспаление, многумина мислат дека тоа всушност е исто со поимот инфекција. Но, треба да се знае дека инфекцијата е предизвикана од бактерија, вирус или габа, а воспалението е одговор на телото против причинителот.

Што е воспаление, што го влошува и кои 25 намирници помагаат

Храната богата со шеќер и заситени масти може да поттикне воспаление

Дали знаете дека неправилната исхрана и честата консумација на преработена храна богата со рафинирани шеќери и заситени масти, може да го поттикне воспалението? „Тие материи предизвикуваат хиперактивност во имунолошкиот систем, кој може да доведе до болки во зглобовите, замор и оштетување на крвните садови“, вели Скот Зашин, доктор и клинички професор на Универзитетот во Тексас, Југозападен Медицинскиот центар во Далас. Затоа доколку често страдате од болки во зглобовите, половината, грбот, замор или пак имате оштетување на крвните садови, потрудете се да го намалите внесот на преработената храна, храната богата со рафинирани шеќери и заситени масти.

Во продолжение погледнете ја листата на намирници кои помагаат против воспаленија:

Сподели: