џем од лимони

Џем од лимони

Дали сте пробале џем од лимон? Тоа е супер спој на сладок и освежителен вкус, одличен е како додаток на овошни колачи и штрудли, но може да биде интересен дел од разни коктел грицки.

Во продолжените прочитајте го рецептот од нашата пријателка Лана, која го објави на нејзинот блог Kuhinjica Mignone. За да го направите потребно ви е помалку од 1 час, неколку лимони и шеќер, а ќе добиете мирисен и освежителен џем.

џем од лимони

Состојки:

  • 1 кг лимони
  • 500 грама шеќер
  • 200 мл сок од јаболко
  • стапче ванила или ванилин шеќер.

Подготовка:

  1. Лимонот излупете го. Исечете го на четвртинки, а потоа на помали коцки. Отстранете ги семките.
  2. Во тенџере на оган ставете го сокот од јаболко и додајте го шеќерот. Мешајте за да се растопи шеќерот, а потоа додајте ги сечканиот лимон и стапчето ванила (или ванилиниот шеќер). Варете за време од 45 минути со често мешање, за да не загори џемот.
  3. Варениот џем од лимон турете го во чисти, стерилни тегли. Теглите затворете ги со капак и превртете ги, така што капакот да биде на долната страна. Оставете ги да се изладат.
  4. Изладените тегли со џем од лимон, превртете ги и ставете ги со останатата зимница. Вака припремениот џем може да го додавате кон филови со јаболка, штрудли или бисквитно тесто со овошје. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Домашно слатко од тиква.

Сподели: