Ароматичен гел за освежување на домот и автомобилот

Наместо да трошите пари на скапи спреови и средства за освежување на воздух, направете сами ароматичен гел кој ќе шири пријатна миризба во вашиот дом, автомобил или секаде каде што ќе имате потреба од тоа.

Потребни ви се многу малку состојки, пари и време за да направите одличен освежувач за воздух. И што е најважно, вака подготвениот ароматичен гел не содржи штетни состојки, целосно е природен и гарантирано безбеден за сите во домот. Доколку ја вклучите вашата креативност, по желба може и да ја декорирате теглата со детали по ваш вкус. Па така, таа истовремено покрај тоа што ќе го освежува и ќе го краси вашиот дом.

ароматичен гел

Состојки:

  • стаклена тегла од 250 мл
  • прехранбена боја по желба
  • 2 чаши вода
  • 4 ќесички желатин
  • етерично масло по желба
  • 1 лажичка сол.

Подготовка:

  1. Најпрво во теглата ставете неколку капки од прехранбената боја, а потоа додајте и неколку капки од етеричното масло.
  2. Ќесичките со желатин ставете ги во мал сад и додајте малку вода. Измешајте и оставете го желатинот да набабри.
  3. Во длабок сад на оган зовријте 1 чаша вода.
  4. Откако водата ќе зоврие, тргнете ја од оган и во неа додајте го желатинот. Мешајте додека желатинот се растопи, а потоа додајте уште една чаша вода и 1 лажичка сол.
  5. Потоа, растворот со желатин ставете го во теглата во која претходно додадовте прехранбена боја и етерично масло. Состојките добро измешајте ги со помош на лажица.
  6. Вака подготвената тегла оставете ја да отстои за време од 24 часа за да се стврдни желатинот.
  7. Тоа е целата постапка и вашата тегла со ароматичен гел е спремна да го исполни со прекрасна арома вашиот дом или автомобил. Може да ја употребувате за освежување на бањата, кујната или секаде каде што ќе имате потреба од тоа. Мирисот од вака подготвената тегла треба да трае од 4-6 недели.

Ви препорачуваме да прочитате: Направете домашен освежувач за WC школката.

Сподели: