баклава со лешници и чоколадо

Баклава со лешници и чоколадо – од кујната на Марија Кочовска

Велигденските празници се ближат! Трпезите ќе изобилуваат со различни специјалитети, а секој од нас е во потрага по вкусни, но брзи и лесни рецепти. А токму за Велигден имаме супер идеја за баклава. Испробана во нашата кујна и омилена на сите кои што ја дегустираа. Овие празници, збогатате ја празнична трпеза со домашна баклава со лешници и чоколадо.

„Инспирација за подготовка на овој рецепт ми беше роланата посна баклава со ореви и чоколадо. Направив некои измени во филот, оревите ги заменив со лешници, количината на чоколадо ја зголемив и така креирав нов, богат вкус за сите љубители на баклава.“ – вели Марија.

баклава со лешници и чоколадо

Состојки:

  • 500 грама кори за баклава

Фил:

  • 300 грама чоколадо за готвење
  • 300 грама лешници
  • 100 грама суво грозје
  • 100 грама кокос.

За премачкување на корите:

  • 150 мл газирана минерална вода
  • 50 мл  масло.

Шербет:

  • 600 грама шеќер
  • 800 мл вода
  • 2 ќесички ванилин шеќер
  • свежо цеден сок од 1 лимон.

Подготовка:

  1. Во чинија ставете го сувото грозје и додајте 100 мл топла вода. Оставете го грозјето за време од 10 до 15 минути.
  2. Лешниците потпечете ги, а штом се изладат сомелете ги или истолчете ги. Чоколадото изрендајте го на ситната страна на рендето. Во длабок сад ставете ги ренданото чоколадо, лешниците, кокосот, сувото грозје, и добро измешајте.
  3. Во длабока чинија ставете ги газираната минерална вода и маслото.
  4. Корите поделете ги на еднакви делови, така што во секој дел да има по 3 кори или 4 кори, доколку се потенки.
  5. Првата кора ставете ја на работната маса и попрскајте ја со растворот од вода и масло. Врз неа ставете ја втората кора и таа попрскајте ја со водата и маслото. На крај, ставете ја третата кора. На едниот крај од кората, оставете простор од 1 см и ставете 4 до 5 лажици од филот. Филот распоредете го по должината на кората. Трите кори свиткајте ги како ролат и ставете ги во претходно намрсен плех за печење.
  6. Постапката со виткање на корите како ролат, повторете ја со преостанатите кори.
  7. Штом ги наредите сите кори во тавата, со помош на остар нож исечете парчиња, со големина по желба.
  8. Плехот ставете го да се пече во загреана рерна на 180 степени за време од 30 минути, додека баклавата добие убава румена боја.
  9. Печената баклава оставете ја да се излади.
  10. Во тенџере на силен оган ставете ги водата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Штом шербетот зоврие, варете за време од 3 до 4 минути. Потоа, тенџерето тргнете го од огнот и во шербетот додајте го свежо цедениот сок од лимон. Шербетот оставете уште 5 минути да се излади, а потоа полејте ја баклавата. Вака припремената баклава со лешници и чоколадо оставете ја неколку часа (најдобро е преку ноќ) на собна температура за да се впие шербетот. Потоа, послужете ја.

И за крај, ако ти се допадна овој рецепт и сакаш да погледнеш повеќе идеи, посети ги моите профили и заследи ме:

Ви предлагаме да прочитате: Велигденска трпеза – 3 брзи и лесни Витаминка рецепти.

Сподели: