Бројни причини за повеќе да јадете црвени пиперки

Бројни причини за повеќе да јадете црвени пиперки

Дали знаевте дека зелените бабури се незрели црвени пиперки кои имаат горчлив вкус и содржат само половина од витаминот Ц кој го имаат црвените пиперки? Црвените пиперки покрај другото, помагаат во подобрување на квалитетот на сперматозоидите, содржат витамин Ц и А, го поддржуваат производството на колаген и уште многу повеќе од тоа.

Покрај тоа што се многу вкусни и од нив може да се направат низа вкусни јадења, црвените пиперки спаѓаат во групата на најздрави зеленчуци во светот. Единствен недостаток кој би можеле да го спомнеме за нив, е тоа што сезоната на црвени пиперки трае многу кратко, а во зимските периоди се многу скапи. Затоа искористете ги колку што е можно повеќе додека ги има.

Зошто да го консумирате повеќе црвени пиперки

Црвените пиперки содржат 300% од препорачаната дневна доза на витамин Ц. Покрај тоа што е многу моќен антиоксиданс, витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железото во крвта, па ако сте анемични и покрај стандардната терапија морате да го зголемите внесот на црвени пиперки.

Богат извор на магнезиум и витамин Б6

Оваа комбинација на витамини и минерали ги намалува симптомите на анксиозност, посебно оние кои се поврзани со ПМС. Витаминот Б6 е исто така природен диуретик, па црвените пиперки се препорачуваат за луѓето со висок крвен притисок и за оние кои страдаат од надуеност.

Бројни причини за повеќе да јадете црвени пиперки

Го подобруваат видот

Бидејќи се многу богати со витамин А, црвените пиперки влијаат врз здравјето на очите и одржувањето на добриот вид. Особено влијание имаат врз ноќното гледање, затоа јадете ги што повеќе.

Полни со антиоксиданси

Комбинацијата на витамините А и Ц, ги прави црвените пиперки зеленчук кој е многу богат со антиоксиданси. А, кога тука ќе го додадеме и ликопенот, тие се навистина супер храна. Ликопенот е супстанца која на пиперките и доматите им дава црвена боја, и е познат по тоа што го намалува ризикот од рак на белите дробови и рак на простатата.

Согорете повеќе калории со помош на црвените пиперки

Повеќе истражувања покажале дека црвените пиперки го активираат варењето на храната и го забрзуваат метаболизмот и тоа без разлика дали содржат капсаицин кој им ја дава лутина на пиперките. Исто како и лутите пиперки, црвените пиперки го забрзуваат вашиот метаболизам, но без забрзување на пулсот и високиот крвен притисок, кој може да се случи како пропратен ефект на капсаицинот.

Сподели: