4 идеи за оброци за фит тело оваа есен!

Есента е супер сезона за враќање во форма! Топлото време полека си заминува и сите некако се враќаме во баланс. Физичката активност е неопходна алка за нормално и здраво функционирање на телото, а кога е надополнета со супер оброци полни со енергија и хранливи состојки, неизбежно е да се постигнат добри резултати и фит тело!

Кој што почнал да вежба, знае дека тоа е слатка добра навика која на телото му недостасува ако прекинеме со неа. Носи здравје и добросостојба! Енергијата и флексибилноста, острината на умот, подвижноста и голем број работни и разни успеси, сите тие се должат на вежбањето. Но, дали вежбањето би помогнало ако не внимаваме и што внесуваме со оброците? – Тврдиме дека не. Па, еве неколку корисни идеи и предлог оброци за фит тело оваа есен.

 

Различни идеи за брзи, лесни и вкусни закуски

Лесен оброк или закуска е секогаш добра идеја пред вежбање, а посебно ако практикувате да вежбате наутро. Направете си неколку комбинации. На пример:

Оризови галети намачкани со путер од кикири за двојни придобивки

Оризовите галети се лесен оброк кој има мал број на калории, а добро заситува. Најчесто се консумираат како замена за леб. Не содржат глутен, а може да се најдат во неколку различни вкусови, во комбинација со лен, сончоглед, пуканки или сусам, што уште повеќе ја зголемува нивната хранлива вредност. Богати се со растителни влакна и лесно сварливи. Намачкајте ги со путер од кикири и уживајте во двојни придобивки, затоа што тој е богат со растителни протеини.

Овошна или зеленчукова салата со микс од здрави семиња

Надробете од омиленото овошје или зеленчук и посипете го со микс од здрави семиња како најлесна и најбрза варијанта. Може да ставите ленено семе, сусам, семки од тиква и сончоглед. Добро ќе се заситите и ќе имате енергија подолго во денот.

Овесни, јачменови и пченични снегулки се секогаш добра и лесна идеја за оброк

Вкусни се, даваат енергија и не одземаат многу  време за подготовка, па годат на сите, а посебно на многу зафатените вежбачи. При изборот важно е да бидат природни. Одлично е што снегулките се богат извор на растителни влакна и протеини, а имаат ниска содржина на масти.

Неколку дополнителни корисни совети од нас

  • Не заборавајте да останете хидрирани. Пијте доволно вода, а посебно меѓу оброците и за време на физичката активност.
  • Пред вежбање загревајте се, тоа е клучно за заштита од повреди.
  • Не вежбајте секој ден, или не повеќе од 3 дена со ред, затоа што на мускулите им е потребно време да се регенерираат. А, ако не знаете доволно побарајте совет од тренер, секогаш годи.
  • Не дозволувајте годините да ви бидат пречка. Физичката активност е еден од предусловите за добро здравје на денешницата.
  • Ако немате време за фитнес клуб, пилатес или аеробик, едноставно пешачење, возете точак или вежбајте дома. Важно не застанувајте.

За крај, запомнете го нашето начело „Постојаност наспроти интензитет!“ и телото ќе ви биде благодарно. Со други зборови, вежбајте колку што можете и кога можете, а при тоа трудете се да одржите ритам. Среќно!

Ви препорачуваме да прочитате: 6 грицки и ужинки за совршен ден.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: