д-маноза

Д-маноза – природно решение за повторувачки уринарни инфекции

Уринарните инфекции можат да предизвикаат голем проблем, особено ако често се повторуваат. Скоро непозната кај нас, Д-маноза е број 1 природно решение кое се користи при третман на повторувачки урнинарни инфекции ширум светот. Што е Д-маноза и како се користи ви откриваме во понатамошниот текст. 

Уринарните инфекции најчесто се предизвикани од Escherichia coli, а понекогаш и од сексуално преносливи болести (кламидија, херпес или гонореја). Можат да настанат на било кој дел на мокрачниот систем, од бубрезите до уретрата. Доколку не се лекуваат и често се повторуваат, можат трајно да го ослабат мочниот меур. Како резултат на анатомската поставеност на органите, жените се поподложни на воспаленија на уринарниот систем. Најчестите симптоми кои се јавуваат при уринарни инфекции се:

  • често мокрење
  • пецкање и болка при мокрењето
  • крв во урината
  • болка во карлицата и грбот
  • непријатност во долниот дел на стомакот.

Уринарните инфекции најчесто се третираат со антибиотици во времетраење од неколку денови, а кај тешки инфекции можна е хоспитализација.

дманоза

Споменавме дека Д-манозата кај нас не е толку позната, но во светски рамки долго време се користи при лекувања на уринарни инфекции кои се повторуваат и покрај антибиотската терапија. Затоа го реализиравме ова мало истражување и ве запознаваме подетално со неа.

Може да ве интересира: Д-р Нела советува: Уринарните инфекции се честа појава во летниот период.

Што е Д-маноза?

Д-манозата е вид на едноставен шеќер по хемискиот состав сличен на глукозата, која се добива од природните сокови на одредени видови овошја, растенија и габи. Природно се наоѓа во брусницата, боровинките, праските, портокалите и јаболката. Сигурно имате слушнато за позитивните ефекти на брусницата при третман на уринарни инфекции. Тоа се должи на присуството на Д-маноза во брусницата. Дејството на Д-манозата е 10 до 50 пати појако во споредба со сокот од брусница. 

Како делува Д-манозата?

Д-манозата не ги убива бактериите – ниту добрите, ниту лошите. Помага за прочистување на организмот и го спречува размножувањето на бактериите кои предизвикуваат воспалувања на уринарниот тракт. Делува на таков начин, што ја привлекува E.coli и спречува нејзино прилепување на ѕидовите на уринарниот тракт. Штом E.coli се залепи на урнинарниот тракт, тогаш започнуваат проблемите. При конусмирање на Д-маноза, бактеријата се лепи на оваа едноставна шеќерна молекула и после тоа се исфрла од организмот преку урината. Особено се препорачува консумирање на Д-маноза по терапија со антибиотици, затоа што дополнително се заштитува уринарниот систем и се превенира повторно воспаление.

Д-маноза

Употреба и дозирање на Д-маноза

Д-манозата е достапна и на нашиот пазар. Ја препорачуваме D-mannose од Now Foods, која има пријатен вкус и е апсолутно безопасна и може да ја користат бремени жени, деца и дијабетичари. Чистата D-Mannose од NOW FOODS е добиена од не-ГМО пченка, бел и сладок компир, буково или брезово дрво. Таа има калорична вредност од 4 калории во еден грам. Чистотата и идентитетот се потврдени од страна на надворешна лабораторија со користење на специфична HPLC метода за да се обезбеди не-контаминација со други шеќери и било какво разредување (ослабување) со други шеќери, како што се декстроза или сахароза.

Д-манозата се внесува во вид на капсули при што се зема 3 пати по 3 капсули (4.5 грама), 1 час пред јадење четири дена, а потоа се зема 3 пати по 1 капсула. Ако претходно сте пателе од уринарни инфекции може да се зема по една капсула дневно во текот на десет дена.

Повеќе за Д-Маноза може да прочитате на онлајн продавницата на Тримекс, од каде што може и да ја набавите. Доколку сакате, може да ја нарачате и преку телефонскиот број +389 (2) 32 46 000, или пак да ја набавите од сите поголеми аптеки. А секако доколку имате прашање во врска со користењето може да ни пишете на info@sezahrana.mk, а ние ќе ја консултираме Д-р Нела Деспотовска за подетален одговор.

Ви предлагаме да прочитате: Д-р Нела советува: Уринарна инфекција при патувања – што може да помогне?

*Спонзориран текст

Сподели: