Д-р Нела Деспотовска советува: 5 знаци дека ви е потребен магнезиум

Сите хранливи материи делуваат заедно со цел да обезбедат оптимално здравје и секој недоволен внес на било кој нутриент, вклучувајќи го и магнезиумот, може да ја наруши рамнотежата во организмот. Кога има дефицит на некој витамин или минерал, телото дава сигнали. Д-р Нела Деспотовска ни ги претставува најчестите знаци кои укажуваат дека ни е потребен магнезиум.

Магнезиумот е минерал од голема важност затоа што е вклучен во повеќе од 600 хемиски реакции во организмот и е четвртиот најзастапен минерал во човечкото тело. Проблемот е во тоа што повеќето од луѓето внесуваат само 50-60% од дневните потреби за магнезиум поради начинот на исхрана. Исхраната сиромашна со овошје, зеленчук, јаткасти плодови и семиња и зголемениот внес на високопроцесирана храна доведуваат до недостаток на овој минерал.

знаци дека ви е потребен магнезиум 2

Замор

Магнезиумот помага да се чувствувате будни помагајќи им на клетките да произведуваат енергија. Кај лицата кои чувствуваат умор се претпоставува дека има недостаток на магнезиум. Уморот може да се јави и поради недоволен сон, претерана физичка активност или неправилна активност. Бидејќи не секогаш заморот е знак дека ви е потребен зголемен внес на магнезиум, ако забележите некои други симптоми од долунаведените, консумирајте повеќе храна богата со овој минерал и по потреба земајте го како додаток на исхраната.

Грчење и треперење на мускулите

Веројатно најчестиот и најпознат симптом дека ви треба магнезиум, е болката во мускулите. Ако сте се разбудиле среде ноќ со здрвена нога, тогаш со сигурност знаете колку се непријатни ваквите грчеви. Поголема физичка активност, а и подолго седење, одредена здравствена состојба може да го зголемат ризикот од болки во мускулите. Магнезиумот помага за регулирање на мускулната и невролошката функција носејќи ги калиумот и калциумот до клетките, процес важен за правилна контракција на мускулите. Кога овој процес е нарушен поради недостаток на магнезиум, настанува грчење и трепење на мускулите.

Ниско ниво на витамин Д во организмот

Магнезиумот помага во активирање на витаминот Д во организмот. Всушност, на сите ензими кои произведуваат витамин Д, им е потребен магнезиум. Доколку во организмот постои дефицит на овој минерал, производството на витамин Д е оневозможено, па се јавува и недостаток на овој витамин.

Коските стануваат послаби

Околу 50-60% од магнезиумот во телото е сконцентриран во коските. Тоа значи, дека и најмал хроничен недостаток на магнезиум може да доведе до губење на коскената маса и нарушување на здравјето на коските. Плус, и недостатокот на витамин Д заедно со магнезиум предизвикува остеопороза и ги прави коските кревки и поподложни на кршење. Лицата со дефицит на магнезиум се склони кон кршење на колкот, што може да доведе со животозагрозувачки компликации.

При недостаток на витамин Д, го препорачуваме NOW® Vitamin D-3NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на мека капсула од 1000 ИЕ и 10 000 ИЕ, како и високо апсорблива течна форма на маслен раствор од 400 ИЕ и 1000 ИЕ.

Главоболка и мигрена

Недоволниот внес на магнезиум може да го наруши нормалното ослободување на невротрансмитери, како и конструкцијата на клетките. Овие два фактори предизвикуваат главоболки. Лицата кои страдаат од мигрена, обично имаат помалку магнезиум во организмот. Магнезиумот често се користи во намалување и превенција на симптомите на мигрена, како лошење, повраќање и сензитивност на светло или звук.

Наша препорака:

Ако имате некои од гореспоменатите симптоми, голема е веројатноста да ви е потребен дополнителен внес на магнезиум. Недостатокот на овој минерал може да го надополните со зголемување на внесот на храна богата со магнезиум. Но, често се случува исхраната да не е доволна за регулирање на нивото на магнезиум во телото, па е потребно да се внесе како додаток на исхраната. Како додатоци со проверен квалитет, ви ги препорачуваме Magnesium меки капсули, Magnesium Citrate и Magnesium Malate на NOW. Magnesium меки капсули, Magnesium Citrate и Magnesium Malate придонесуваат за:

  • намалување на заморот и исцрпеноста
  • за електролитна рамнотежа
  • нормален енергетски метаболизам
  • нормално функционирање на нервниот систем
  • нормална мускулна функција
  • нормална синтеза на протеини
  • нормална ментална функција
  • одржување на здрави коски
  • одржување на здрави заби

Magnesium меките капсули во својот состав содржат магнезиум цитрат, малат и глицинат. Една таблета Magnesium Citrate содржи 200 мг магнезиум од магнезиум цитрат, додека пак, 1 капсула Magnesium Malate содржи 115 мг елементарен магнезиум. Производите не содржат ГМО и се наменети за вегетаријанци и вегани.

камен во бубрези

Ви препорачуваме да прочитате: Правилниот внес на магнезиум е важен за најголема искористливост во телото.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: