пробиотици

Д-р Нела Деспотовска советува: Што треба да знаете при изборот на пробиотици?

Здравиот дигестивен систем е основа за добро здравје. При неправилно варење на храната, организамот не ги добива потребните нутриенти, а тоа доведува до опаѓање на силата и забрзано стареење. За да се воспостави рамнотежа потребни ни се пробиотици. Но, кои пробиотици се најдобри, што значат ознаките на пакувањето, дали има разлика меѓу пробиотиците кои се достапни кај нас? На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска. 

Еден од најважните фактори за здрава дигестивна функција е балансот на бактерии присутни во гастроинтестиналниот тракт. Добрите бактерии ја помагаат дигестијата на храната и се борат против патолошките бактерии 24 часа дневно за да осигураат правилна дигестија, апсорбција и елиминација на оптадот од организамот.

пробиотици избор

Само 48 часа по раѓањетo микроорганизмите го населуваат дигестивниот трак на новороденчето. Корисните миркоорганизми, бебето ги добива од мајчиното млеко, а се од особено значење за нормален развој на гастроинтенстиналниот тракт и имуниниот систем.

Причини кои доведуваат до нарушување на балансот на микрофлората во дигестивниот тракт

Штом еднаш ќе го населат дигестивниот систем, пробиотиците продолжуваат да живеат во текот на целокупниот наш живот. Но, голем број фактори може да влијаат врз балансот и да имаат негативен ефект врз корисните организми. Меѓу нив се:

  • лекови
  • сиромашна исхрана
  • инфекции
  • стрес
  • лоши бактерии…

Со цел одржување на здрав баланс на стомачната микрофлора, внесувањето на пробиотици во исхраната е од клучно значење за секого, од новороденчиња до највозрасни. Добрата пробиотичка формула помага за кратко време да се обнови виталната стомачна микрофлора за време на патувања или други стресни ситуации.

Која храна е добар извор на пробиотици?

Како што растеме и созреваме, пробиотиците ги внесуваме преку исхраната, најчесто од ферментираните храни и млечни производи како јогурт, кефир, комбуха, кисели краствички, кисела зелка и слично. Бидејќи се наоѓаат во храната и се природен дел од човековиот екосистем, пробиотиците се сметаат за безбедни за консумација.

Постојат многу пробиотици, па што треба да знаете при изборот?

Постојат различни пробиотици кои се продаваат по аптеките, а сите имаат различен потенцијал и состојки. Кога избирате пробиотици важно е да знаете неколку корисни совети.

Пред да одлучите кој пробиотички суплемент ќе го набавите, важно е да знаете што сакате да подобрите со нивна консумација

Различните соеви на бактериите и квасците кои влегуваат во состав на додатоците на исхрана имаат различен ефект врз организмот. Затоа важно е да ја знаете точната причина за нивно користење. Дали имате проблем со дијареја, надуеност, ќе одите на патување или пак имате чести инфекции на грлото? Одговорете на ова прашање и изберете го соодветниот пробиотик.

Ако често страдате од црвено и воспалено грло, носот ви е затнат, изберете орален пробиотик.

OralBiotic – прв орален пробиотик за заштита на грлото, носот и ушите

NOW® OralBiotic го содржи природниот пробиотски организам Streptococcus salivarius BLIS K12®. Меѓу најбројните корисни бактерии во устата, Streptococcus salivarius е обично првата стекната кај бебињата. BLIS K12 е специфичен вид на Streptococcus salivarius (S. salivarius), еден од најбројните и најполезни бактерии кои се наоѓаат во устата на здравите луѓе. Меѓутоа, само мал број на луѓе да продуцираат S. Salivarius со BLIS K12. Овој вид на бактерија е откриен од страна на научниците кои ги прателе здравите деца неколку години кај кои не се појавило воспалено грло.

пробиотици

Како делува OralBiotic?

  • Кога организмот е во здрава состојба нашата уста е заштитена со полезна бактериска микрофлора која делува како природен одбрамбен штит. Кога организмот е под стрес и нападнат со вируси и штетни бактерии доаѓа до пореметување на микрофлората во устата поради што се развиваат инфекции на горните дишни патишта.
  • Инфекцијата на грлото и носот може да се прошири и да предизвика воспаление на увото, кое е почесто кај малите деца. За да се намали можноста за појава на воспаленија, се препорачува употреба на пробиотици за уво, нос и грло.
  • OralBiotic испорачува 2 милијарди корисни бактерии директно во устата со што го враќа организмот во рамнотежа.
  • 100 пати поефикасен од традиционалните антисептички пастели за лижење.

Повеќе за OralBiotic може да прочитате од онлајн продавницата на Тримекс, од каде што исто така може да го набавите. Доколку сакате, може да го нарачате и директно на вашата адреса преку телефонскиот број +389 (2) 32 46 000, или пак да го набавите од сите поголеми аптеки. А секако доколку имате прашање во врска со користењето може да ни пишете на info@sezahrana.mk, а ние ќе ја консултираме Д-р Нела Деспотовска за подетален одговор.

Може да ве интересира: Победете ги болките во грлото и заштитете се од настинки со 10 природни намирници.

Пробиотиците се мерат со CFUs (Colony Forming Units)

Овој број треба да биде наведен на предната страна на пакувањето. Некои пробиотици содржат 1 билион култури, додека други 200 билиони или повеќе. Притоа немојте да се преокупирате со бројот на билиони кои ги содржат пробиотиците. Не постои начин за точно да се одреди кој број е најдобриот за вас. Експериментирајте и утврдете кои пробиотици најдобро ќе делуваат на вашиот организам.

На пакувањето јасно треба да бидат наведени кои соеви на микроорганизми се содржат во пробиотскиот суплемент

Кога избирате пробиотици посветете внимание на соевите кои суплементот ги содржи. Од пробитоците кои ги имаме на нашиот пазар, може да ги издвоиме Acidophilus 4×6. За дополнителна поддршка на имуниот систем го препорачуваме овој природен суплемент на најпродаваниот бренд NOW FOODS кој во себе содржи 6 корисни пробиотици меѓу кои и Lactobacillus acidophilus, која создава млечна киселина и со тоа го спречува ширењето на штетните цревни бактерии, а со создавањето на ензими осигурува правилна дигестија на храната, искористување на хранливите материи (особено на млечните шеќери) и елиминација на отпадот од организмот.

пробиотици ацидофилус

Во неговиот состав влегуваат

  • Lactobacillus acidophilus
  • Bifidobacterium bifidum
  • Bifidobacterium longum
  • Streptococcus thermophiles
  • Lactobacillus bulgaricus
  • Lactobacillus paracasei.

Производот можете да го купите од сите подобро снабдени аптеки, но и да го нарачате од онлајн продавницата на Тримекс. За повеќе информации за Acidophilus 4×6  посетете ја веб страницата на Тримекс или контактирајте ги на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h.

Секогаш изберете суплемент кој содржи добро истражени пробиотици

Производителот треба да обезбеди доказ преку истражувања дека неговите пробиотици содржат корисни бактерии за здравјето.

Изберете пробиотички суплемент од доверлив производител

Кога сме на оваа тема можете да ги препорачаме NOW FOODS. Имавме можност да присуствуваме на Симпозиум, а таму подетално се запознавме со оваа компанија, дознавме за лабараториите и современата опрема која ја користат за производство на додатоците на исхрана. Пробиотиците од NOW се достапни во различни форми, како капсули, таблети за лижење и прашок. Во NOW се бираат супериорните пробиотички соеви кои имаат клинички докажани придобивки.

Ви предлагаме да прочитате: 5 здравствени придобивки од пробиотиците.

*Спонзориран текст

Сподели: