11 причини зошто да ја полните чинијата со жолто и портокалево овошје и зеленчук 1

11 причини зошто да ја полните чинијата со жолто и портокалево овошје и зеленчук

Освен тоа што развеселуваат и прават вистинска визуелна гозба за очите, жолтото и портокалевото овошје и зеленчук делуваат благотворно за нашето здравје. Придобивките од нив се многубројни, па ајде да дознаме повеќе за нив!

Сигурно, без број пати досега  сте слушнале и прочитале за тоа колку е здраво зеленото и црвеното овошје и зеленчук. Зеленото овошје посебно се препорачува за диетални режими на исхрана, како лесно и ниско калорично,  а црвеното е познато како корисно за срцето и крвоносниот систем. А сега е добар момент да дознаеме повеќе за значењето на жолтото и портокалевото овошје и зеленчук во организмот.

11 причини зошто да ја полните чинијата со жолто и портокалево овошје и зеленчук 2

Оваа група на намирници има антиосидантни својства, кои се дожат на фитонутриентите како што се каротеноидите и биофлавоноидите. Освен тоа, во нив има голема количина на бета каротен за кој се верува дека освен што го успорува стареењето и го чува видот, е еден од главните начини за превенција на разни срцеви заболувања и развој на рак.

Ви претставуваме 10 причини заради кои во редовната исхрана дефинитивно морате да внесете барем една портокалева или жолта овошка или зеленчук на ден:

  1. Го чуваат здравјето на вашите очи.
  2. Делуваат антиканцерогено.
  3. Го намалува крвниот притисок.
  4. Го намалуваат холестеролот.
  5. Ги чуваат вашите зглобови.
  6. Го обновуваат колагенот.
  7. Го зајакнуваат имунитетот.
  8. Благодарение на калциумот и магнезиумот во својот состав ги зајакнуваат коските.
  9. Ја одржуваат рН вредноста на идеално ниво.
  10. Го забрзуваат процесот на топење на масните наслаги.
  11. Претставуваат одличен извор на фолати кои се посебно важни за трудниците и зачувување на здравјето бри бременоста. Со јадење доволна количина од овие намирници, поголемиот број на луѓе може да ги задоволи потребите за фолати.

Намирници со кои може да ја развеселите и збогатите чинијата се сите цитрусни овошја (лимони, портокали, грејпфрут), банани, манго, праски, ананас, моркови, тикви, сладок компир, пченка, пиперки и многу други. Сервирајте си и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Како почесто да јадете овошје и зеленчук?

Сподели: