Испрати Брилијантен рецепт и добиј подарок од светот на вкусовите!

Велигденска брилијантна авантура! Зготви и испрати рецепт со Брилијант или Брилијант Омега 3, а по желба и други производи од Витаминка, фотографирај го и објави го во групата на Сѐ за храна  или во коментар на оваа објава. Вклучи се и ти, и биди еден од 5-те добитници на пакет производи кои ги подарува Витаминка за читателите на sezahrana.mk!

Време е за велигденски рецепти, па започнуваме денес на 19.04.2019 година, а забавниот натпревар со готвење ќе трае две недели, до 03.05.2019 година. Бројот на рецепти кој можете да го направите и испратите е безграничен!

рецепт со брилијант

Правила за учество во забавниот натпревар со готвење:

  1. Фотографијата од рецептот мора да биде на учесникот и пожелно е на истата да биде прикажано масло Брилијант или Брилијант омега-3 (така имате поголема шанса за добивка). Со фотографијата, во коментар мора да биде напишана листа на состојките и подготовката на рецептот.
  2. Сите испратени фотографии ќе бидат споделени во албум на фан страницата на Сѐ за храна.  Штом е објавен вашиот рецепт во албумот ќе може да собирате лајкови и да ги зголемите шансите за добивка.
  3. На крај, добитниците ќе бидат објавени на текст на sezahrana.mk со име и презиме на авторот. Притоа, тројца добитници ќе бидат избрани од стручното жири, а двајца добитници по случаен избор.
  4. За да биде валидно учеството, објавата на фан страницата на Сѐ за храна треба да ја споделите со Public (Јавно) на својот профил.

Тоа е тоа! Уживајте во светот на вкусовите и празничното готвење! Среќно!

Важно: Повеќе детали околу правилата на забавниот натпревар со готвење, прочитајте тука.

Сподели: