Напиток со јаболко, лимон и цимет за согорување на мастите

Топлите денови се на прагот и многумина започнаа со диети, вежбање и пронаоѓање на начини за намалување на килограмите, детоксикација и обликување на телото. А кога сме кај тоа ви предлагаме нов напиток со јаболко, лимон и цимет, кој ќе ви помогне за полесно согорување на мастите.

Овој напиток има многу благодати за вашиот организам. Помага за согорување на мастите, ги чисти клетките од токсините, помага при акни и го подобрува здравјето на косата и кожата. Цејлонскиот цимет го поттикнува метаболизмот и го регулира нивото на шеќер во крвта. Лимонот помага за подобро варење на храната, а  истовремено ги елиминира токсините. Јаболката се богати со растителни влакна и даваат чувство на ситост. А комбинацијата на јаболка и цејлонски цимет на напитокот му даваат убав вкус.

напиток со јаболко

Состојки:

  • 350 мл вода
  • 2 лажици јаболков оцет
  • 1 лажица свежо цеден сок од лимон
  • 1 мала лажичка цејлонски цимет
  • ½ мала лажичка кафеав шеќер (или стевиа по вкус)
  • ½ сечкано јаболко.

Подготовка:

  1. Во шејкер или блендер ставете ги сите состојки и мешајте за време од 10 секунди. Во добиениот сок ставете ги парчињата јаболко.
  2. Напитокот консумирајте го постепено, а јаболката грицкајте ги. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: 3 рецепти за домашен чај од цимет – за шеќерот во крвта, за слабеење и подобро варење.

Сподели: