домашни корнети

Направи сам: домашни корнети за сладолед

Го имате омилениот сладолед и ви требаат само корнети? Децата обожаваат сладолед, па израдувајте ги и направете им домашни корнети со различни бои и украси.

Правењето на корнети е мала игра во кујната, во која може да ги вклучите и децата. При правењето на корнетите потребно ќе биде да нацртате кругови и да направите калапи во облик на конус. Овој мал кулинарски проект е забавен и лесен.

Со наведените состојки ќе добиете околу 6 корнети. Доколку сакате да направите корнети во боја по желба може да додадете прехранбена боја или какао за чоколадни корнети.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 5 лажици шеќер
  • ¼ чаша кафеав шеќер
  • ¼ чаша млеко
  • 2 лажици растопен путер
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • ½ чаша брашно.

Подготовка:

  1. Рерната приклучете ја да се загрева на 160 степени. Нацртајте 2 до 4 кругови (во зависност од големината на тавата) со пречник од 12 см на мрсна хартија за печење, па ставете во тавата. Та ќе ви биде шаблон за кругови од кои ќе ги изработите корнетите.
  2. Исто така ќе ви бидат потребни и калапи за корнетите. Врз картон исцртајте голем круг, а потоа поделете го на четири делови. Секој дел свиткајте го во форма на конус и прицврстете го со лепило. Обложете ги алуминиумска фолија и премачкајте ги со масло.
  3. Јајцето, шеќерот и кафеавиот шеќер ставете ги во длабок сад и добро изматете ги со жица за матење. Во садот со белката додајте ги млекото, растопениот путер и екстрактот од ванила, и измешајте. Потоа додајте го брашното.
  4. Со голема лажица земете од добиената смеса и ставете ја во круговите. Со помош на нож или шпатула формирајте што подобар круг. Корнетите печете ги во загреаната рерна 14 до 16 минути.
  5. Штом тавата ја извадите од рерната, со помош на кујнска лопатка преместете ги на хартија за печење, па веднаш свиткајте ги околу конусот од картон и фолија. Користете крпа доколку корнетот е многу жежок и внимавајте добро да го прицврстите за да не излегува сладоледот.
  6. Корнетите оставете ги да се ладат за време од 8 до 10 минути, додека се стврднат.
  7. Штом се изладат извадете ги од конусните калапи.

Ви предлагаме да прочитате: Домашен сладолед од ванила.

Сподели: