Пире со спанаќ и бадеми 1

Пире со спанаќ и бадеми

Гарантирано ќе уживате во нашиот рецепт за посно пире со спанаќ и бадеми кое е инспирирано од светот на вкусовите! Не е потребна голема вештина, потребно е само малку време и добра волја за да уживате во резултатот од овој брз и лесен рецепт. Декоративно и вкусно, хранливо за целото семејство, па беше бендисано и од уредниците на новото македонско списание Добра храна и се најде на една од нивните страници. Уживавме во соработката, а до нас стигнаа голем број позитивни критики, ви благодариме за тоа!

Не двоумете се и пробајте го. Ви го приготвивме во кујната на Сè за храна, со внимателно избрани состојки од широката и квалитетна палета на Витаминка. Може да го подготват и најнеискусните, а еве што е потребно.

Пире со спанаќ и бадеми 2

Состојки:

Пире со спанаќ и бадеми 3

Подготовка:

  1. Спанаќот измијтего, исчистете го и ситно исечкајте го.
  2. Суровите и непечени бадеми измелете ги во сечко, исечкајте ги или истолчете ги.
  3. Пирето од компири подгответе го според упатството на ќесичката, но наместо млеко, ставете вода.
  4. Додека е топло, додајте го припремениот спанаќ и измешајте.
  5. Додајте ги иситнетите бадеми, свежо мелениот црн бибер од зрно, маслото со омега 3 и посолете по вкус.
  6. Добро измешајте и сервирајте. Декорирајте со мали ливчиња спанаќ, цели и сечкани бадеми, како и малку пресно мелен црн бибер. Уживајте во светот на вкусовите и на здравје!

Совет плус: Црниот бибер во зрно од Витаминка сега е достапен и во нови паковања со мелница, а сите знаеме дека мирисот на пресно мелениот црн бибер дава посебен шмек на јадењата. За полесно да го препознаете, на првата фотографија може да видите како изгледа паковањето. Всушност, овој зачин беше еден од оние кои го инспирираа вкусот на нашето јадење, па топло препорачуваме да го побарате во поголемите маркети и да го пробате.

Пире со спанаќ и бадеми 4

Ви препорачуваме да прочитате: Брза мусака со пире од компири.

Спонзориран текст*.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: