Рецепт за песто сос – прилог за тестенини

Песто сосот е традиционален италијански специјалитет кој потекнува од Џенова, а се приготвува многу брзо и едноставно. Одлично се вклoпува со разни тестенини, а голем број готвачи го комбинираат и со ориз. Пробајте го вкусот на италијанската традиција!

Рецепт за песто сос - прилог за тестенини

Состојки:

За песто сос:

  • 30 гр свежи листови од босилек
  • 25  гр пармезан
  • 30 гр пињоли, кратко печени во тава (во замена можете да употребите индиски ореви)
  • 1 чешне лук
  • сол, црн пипер
  • 150 мл маслиново масло

За сервирање:

  • 320 гр тестенини (макарони, шпагети и сл.)

Подготовка:

  1. Најпрво ставете ги пињолите или индиските ореви во блендер, потоа додајте ги босилекот и чешнето лук и изблендирајте на крупни парчиња.
  2. Потоа додајте го маслиновото масло и продолжете да блендирате. Ќе добиете убава мазна и хомогена смеса.
  3. Додајте го и пармезанот и повторно кратко изблендираjте.
  4. Следува зачинување на песто сосот. Може да имате чувство дека е доволно солено од сирењето, а вкусот е уште подобар ако ставите прстофат сол и убаво наросите со црн пипер. Измешајте добро со лажичка и пробајте за да се осигурате во добриот баланс на состојките, а имајте на ум дека секогаш зависно од вашиот вкус и желби може да додадете повеќе пињоли, пармезан, сол или црн пипер.

Светски познатиот песто сос е готов и спремен за сервирање.

Совет плус: Тестенините треба да бидат топли, а додадениот песто сос не се готви, туку само се додава во нив, малку се меша и оброкот може да се дегустира. На здравје!

Сподели: