бомбици со стоби флипс и компири

Солени бомбици со Стоби флипс и кикирики

Меки и сочни со богата арома на Стоби флипс и кикирики! Посните солени бомбици со Стоби флипс се идеални за мезе, лесно предјадење, а совршено се вклопуваат на празнични трпези.

Подготовката е едноставна, за 30-тина минути ќе добиете 20 вкусни бомбици. Следете ги инструкциите и дегустирајте нов интересен рецепт кој е испробан во нашата кујна.

бомбици со стоби флипс

Состојки:

За валање на бомбиците:

бомбици со кикирики

Подготовка:

  1. Стоби флипсот и кикириките ставете ги во сечко и измелете ги.
  2. Во длабока чинија ставете ги пасираните компири, мелените Стоби флипс и кикириките, Витанезот и зачинете со сол и мелен црн пипер. Измешајте ја смесата и формирајте бомбици со големина на орев.
  3. Кикириките и Стоби флипсот за валање ставете ги во сечко и измелете ги. Смесата ставете ја во чинија.
  4. Бомбиците валајте ги во смесата од кикирики и Стоби флипс. Готовите бомбици со Стоби флипс сервирајте ги и послужете ги со сос од Витанез.

Совет плус: За да заштедите време, наместо варени компири користете Инстант пире од компири од Витаминка.

Ви препорачуваме да прочитате: Крем салата со Стоби флипс.

*Спонзориран рецепт

Сподели: