Чиа семе на иднината Salvia hispanica 1

Чиа семе за здравје во иднина

Salvia hispanica е латинското име на растението кое кај нас познато како чиа семе. Има толку многу здравствени придобивки што е познато како семе на иднината. Потекнува од Јужно Мексико и Гватемала, а денес има широка корист како додаток во исхраната, како и за изработка на квалитетни пијалаци.

Хранителен состав на чиа семето

Семето од чиа е богато со омега 3- масни киселини, па од него може да се добие 25-30% екстрахирано масло, кое богато со алфа-линоленска киселина, која е исклучително добра за кардиоваскуларното здравје.

Во 100 грама чиа семе има:

  • 27 гр масти
  • 15 мг  натриум
  • 33 грама диететски влакна
  • 4 грама протеини.

Корисното чиа семе ги задоволува 18% од дневните потреби за калциум,  27% од дневните потреби за фосфати и 30% од дневните потреби на организмот од магнезиум. Треба да се спомне, дека нутритивниот, односно хранителниот состав на чиа семето е сличен со онај на лененото и сусамовото семе.

Може да биде во зрно или да е мелено. Главната разлика меѓу чиа семето во зрнеста форма и меленото чиа семе е алфа-линоленската киселина (АЛА) и еикозапентаеноична киселина (ЕПА), кои организмот повеќе ги абсорбира ако чиата е во мелена состојба. Една од причините поради која луѓето многу го користат ова семе е тоа што помага за намалување на телесната тежина. Ова е како резултат на големата содржина на влакна кои помагаат при споро ослободување на шеќер во крвта и го регулираат нивото на истиот.

Чиа семе на иднината Salvia hispanica 2

Употреба и корисно дејство од чиа семето во организмот

Семето од чиа може да се користи во исхраната како додаток во овесни каши, да се јаде со јогурт, како додаток во разни печива и на многу други начини. Семето кое е познато како семе на иднината и одлично за здравјето, помага при:

  1. Намалување на телесната тежина: Семето од чиа е се повеќе е популарно во третманите за намалување на телесната тежина, затоа што ја намалува апсорпцијата на храната, како резултат на зголемувањето на  нејзиниот волумен и олеснувањето на процесот на варење на храната со што овозможува нејзнино побрзо поминување низ дигестивниот систем, подобро и полесно празнење на цревата.
  2. Го зголемува чувството на ситост: Благодарение на способноста да го зголемува волуменот на храната за 10 пати, семето од чиа допринесува да се чувствувате сити и доколку сте изеле помала порција на храна.
  3. Одлична храна  за спортисти: Овозможува правилна хидратација на телото со што е квалитетен избор за подобра виталност на телото.
  4. Го намалува крвниот притисок: Бројни студии покажуваат позитивни резултати при намалување на крвниот притисок.
  5. Најбогат извор со омега 3 масни киселини: Чиа семето претставува најголем извор со Омега 3 масни киселини кои се есенцијални во борбата со инфламаторниот артритис (воспаление на зглобовите), а воедно претставуваат одлична превенција за срцеви заболувања. Во споредба со лососот, кој до скоро важеше за најголеми  извор на омега 3 масни киселини од животинско потекло, чиа семето содржи многу повеќе.
  6. Одлична храна за дијабетичари: Семето го зголемува времето на претворање на јагленохидратите во прости шеќери, со што го контролира нивото на шеќер во крвта.
  7. Полесно е за јадење од лененото семе. Вкусот е лесен, со слаб мирис и ситни семки кои лесно се прилагодуваат во разни комбинаации на јадења.

Ви препорачуваме да прочитате: Ладно цедено масло од чиа за здрави зглобови и силна коса.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: