шарена сол и употреба

Што е шарена сол и во кои јадења може да се вклучи?

Шарена сол е традиционален зачин кој е карактеристичен за македонската и бугарската кујна. Интересна е и недоволно позната и испробана од сите нас, па ни беше инспирација за малку да ја проучиме и да споделиме некои интересни информации и насоки.

Шарената  сол се прави од мелена пченка која потоа се пече и уште неколку други зачини. Зависно од тоа кој ја подготвува и од навиките на поднебјето, рецептот претрпил извесни разлики. Во некои краеви на мелената пченка и се додава сол и зачините чубрица, оригано и буковец кој може да е благ или лут.  Ако сте гурмани и сакате пикантен вкус, може да изберете таква шарена сол, или уште подобро самите да си додадете лут буковец. Било да е лут или благ, ние буковецот (крупно мелената црвената пипер) го набавуваме од проверената палета на Рајска градина. И токму заради тоа што нивните зачини се покажаа како одлични во различни јадења, се инспириравме да ја испробаме и шарената сол произведена од нив.

шарена сол јадења 2

Шарената сол во Македонија е позната и како толчена, мелена или  к`цана сол. Како што спомнавме и претходно, има извесни варијации во производството. Но, во главно традиционалниот рецепт и количината на различните состојки се чува во тајност, при што се пренесува од генерација на генерација фамилијарно кај оние ја произведуваат.

Во кои јадења може да се вклучи шарена сол?

Шарената сол традиционално е еден од омилените зачини на нашиот народ, а може да се каже и еден од најкарактеристичните за региовов. Може да ја вклучите во разни јадења и нема да згрешите, таа е идеален додаток. Јадењата добиваат пријатен мирис и одличен вкус, а посебно одговара за подготовка на:

  • печено месо
  • компири
  • печење и варење на разни зеленчуци
  • најразлични салати
  • супи и други варива
  • за макало
  • во подготовка на различни сосови за тестенини
  • подготовка на леб.

Наша препорака за вас

Нашите пријатели од Рајска градина имаат добар рецепт за шарена сол – блага и шарена сол – лута, кои лесно се вклопуваат во разни специјалитети. Составени се од пченка 80%, благ/лут буковец 10%, чубрица 5% и сол 5%. На големо задоволство за сите нас, може да ги најдеме лесно во сите поголеми маркети. Достапни се во ќесичка како на фотографијата во: Тинекс, Жито Велес, Стокомак, Грандпром Зур, Гиго Трејд, Принц, Гранап, Омер компани, Денар дисконт, МБ Илинден, Футура, Меше промет, Шопе, Карат, Семафор, Балкопром, Монтенегро.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 зачини кои се храна и лек.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: