Јаткасти плодови - корисна храна за цел организам

Јаткасти плодови – корисна храна за цел организам

Сите јаткасти плодови имаат различна здравствена вредност за организмот, некои од нив се богати со калциум, некои имаат голема содржина на протеини, а во голем дел содржат и масти. Изберете го најдобриот вкус за вас, а во меѓувреме дознајте зошто јаткастите плодови се многу препорачувана храна и корисна за целиот организам.

Можете да изберете порција во количина од еден грст, мешан микс на јаткасти плодови или поединечно било кои од нив, а најдобро да бидат несолени. Ваквиот избор на ужинка ќе ви овозможи силна виталност и многу витамини и минерали, неопходни за разните фунции на телото.

Бадеми

Ако избегнувате млечни производи, бадемите се одличен извор на калциум, минерал неопходен за здравјето на коските. Исто така, бадемите се богати со витамин Е, кој е важен за добар тонус и изглед на кожата. Нив најдобро е да ги јадете нелупени, затоа што нивната кора е полна со флавоноиди – материи важни за заштита на здравјето на срцето.

Бразилски ореви

Познати се по нивото изобилство со селен кој е потребен за стимулација на тиреоидната (штитната) жлезда, па одлични за луѓе кои патат од нејзино намалено лачење. Селенот помага за подобрување на имунитетот и забрзување на процесот на здравеење на раните. Од бразилските ореви е доволно да консумирате по 3-4 на ден за да ги задоволите потребите на организмот со селен.

Индиски ореви

Високото количество на протеини во составот, како и доволното количесто на минералите железо и цинк, потврдува дека индиските ореви се супер избор за сите кои повеќе консумираат растителна храна или се вегетаријанци. Исто така, се богати со магнезиум, кој е важен за подобрување и зачувување на памтењето и го одложуваат губењето на меморијата со стареењето.

Јаткасти плодови - корисна храна за цел организам

Костени

Костените важат за јаткасти плодови со најмалку калории и масти, а богати се со скроб и растителни влакна, а во необработена форма се богати и со витамин Ц. Во споредба со останатите јаткасти плодови имаат помалку протеини, богати се со Б6 и не содржат глутен.

Лешници

Лешници се добар извор на фолна киселина, која ја игра главната улога за одржување на хомоцистеинот во нормални граници. Хомоцистеинот е амино киселина чиј недостаток е поврзан со проблеми на срцето или креира предуслови за Паркинсонова болест.

Макадамија

Макадамијата спаѓа во јаткасти плодови со највисока вредност на масти, а во јадењата обично се додава за подобрување на вкусот или текстурата. Поголемиот дел од мастите во нејзиниот состав се незаситени, а богата е со растителни влакна, магнезиум, калциум и калиум. Консумирајте ја и купувајте ја во мали количини.

Ф’стаци

Ф’стаците се особено богати со витамин Б6, кој е важен за одржување на хормоналниот баланс и се добра опција за оние кои поминуваат низ проблематични периоди. Тие се единствените јаткасти плодови кои содржат значителни количини на лутеин и зеаксантин, антиоксиданси кои играат важна улога во заштитата на очите. Ф’стаците, исто така, содржат калиум и растителни влакна, при што една порција од 30 гр има до три пати повеќе споредено со црни сливи.

Ореви

Оревите се супериорни борци против рак, поради изразената висока количина на антиоксиданси во нивниот состав. Тие се одличен извор на моно незаситени киселини, кои се корисни масти за срцето и помагаат во намалување на нивото на покачен холестерол во крвта. Исто така, богати се со омега 3, па се одлична замена за риба, доколку не ја обожавате како храна.

Сподели: