Здраво сончање! Што подразбира тоа? Колку сончање ни е потребно и доволно? Кои намирници помагаат во остварување на таа цел? – Многумина од нас сакаат да постигнат убав летен тен, но попатно, борбата да се зачува здравјето на кожата е тука. Во овој текст, ќе ви ги откриеме одговорите на претходните прашања и ќе ви споделиме корисни информации како до посакуваниот тен со внимавање на сопственото здравје и на кожата.
Прво што ќе се сетиме е користење на масла и лосиони со заштитен фактор, а дали знаете дека големо влијание има и исхраната? Направивме листа на најдобрите намирници и додатоци кои ќе ви помогнат во таа цел!

Но пред да започнеме со нив, да се потсетиме, зошто сончањето е корисно?
Умереното изложување на сонце е корисно и помага за создавање на витаминот Д кој е неопходен за апсорпцијата на калциум и фосфор што е од значење за функционирање на мускулите, јакнење на коските и спречување на остеопороза. Го подобрува имунитетот, спречува кардиоваскуларни болести и има благопријатно влијание кај кожните заболувања како што се на пример псоријаза и егзема.
Ултравиолетовите зраци го ослободуваат хормонот на среќата (ендорфин) кој влијае на нашето расположение, делува против депресија, а топлината создава чувство на пријатност. Со прошетките на сонце се стимулира производството на мелатонин, хормонот кој го регулира сонот, расположението и има позитивно влијание на имунитетот.
„Внатрешното хранење“ на кожата е од голема важност
За да се избегнат негативните последици од изложувањето на сонце, потребно е кожата да се подготви и „однатре” преку храна богата со витамини од Б групата, А, Ц и Е како и каротеноиди кои се наоѓаат во зелениот лиснат зеленчук, бобинкастото овошје и сл. Постојат многу намирници кои треба да се вклучат во исхраната во летниот период, со што би изгледале и би се чувствувале подобро. Корисната листа е тука:
Зелен лиснат зеленчук
Темнозелениот лиснат зеленчук претставува моќен извор на каротеноиди со високо антиоксидантско дејство, кои ја штитат кожата од појава на брчки, оштетување од сонце, па дури и од рак на кожата.
Моркови и домати
Кoга јадеме моркови, организмот го претвора бета-каротинот во витамин А, кој е од витално значење за здрава кожа. Така, со секојдневно консумирање на морков, ја правите кожата поотпорна на УВ-зраците.
Доматите содржат витамин А и ликопен кој е силен антиоксиданс. Ликопенот го успорува стареењето на клетките и делува антиканцерогено.
Боровинки
Виолетовата боја на боровинките им ја даваат флавоноидите кои плус го успоруваат стареењето. Боровинките се богати со антиоксиданти и витамин Ц со високо фотопротективно дејство кои овозможуваат природна заштита од штетните сончеви УВ-зраци.
Лубеница
Лубениците содржат ликопен, антиоксиданс одговорен за црвената боја. Ликопенот претставува многу важен каротеноид и антиоксидант со моќно фотопротективно дејство, кој има способност да ги неутрализира слободните радикали кои настануваат при подолго изложување на сонце.
Ореви и семиња
Во телото не може да се создадат омега 3 масните киселини, па затоа е од суштинско значење да ги внесуваме преку храната. Оревите, семето од коноп, чиа семето и ленот се богати со омега 3 кои што ги намалуваат непријатните алергиски симптоми.
Мешунките и јајцата се добар извор на витамини Б
Овие намирници се богати со витамини од Б групата кои го урамнотежуваат односот на есенцијални масни киселини (едни од најважните структурни материјали на епидермот на кожата), а во исто време ја снабдуваат кожата со вода.
BioAstin
Дали знаете што е BioAstin? – Тој e најмоќен антиоксиданс кој ја штити кожата од штетните УВ зраци! BioAstin-от е додаток кој претставува храна, а многумина го користат како дел од здрав животен стил. Патентиран е за орална и локална заштита од сонце. Особено е ефикасен во заштитата од УВ зраци при сончање и спречува оштетување на ДНА. Служи како внатрешен додаток за убавина кој ви дава убав, здрав сјај и ја прави кожата да изгледа помлада и поубава. Уште е познат како астаксантин.
Може да ве интересира: Д-р Нела советува: Природниот астаксантин (BioAstin) е 6000 пати помоќен од витаминот Ц.
BioAstin се препорачува да се користи во топлите месеци за заштита на кожата од штетното влијание на УВ зраците. Доволна е 1 капсула BioAstin на ден, која може да се зема наутро со појадок или појалок кој содржи масти. Може да го набавите од поголемите аптеки или да го порачате преку онлајн продавницата на vitamini.mk со бесплатна достава.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: Правилна заштита на кожата во летниот период.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Текстот е овозможен од vitamini.mk.