Редовното конусмирање на овес нуди голем број на придобивки за здравјето! Овесот кој уште е познат како зоб, потекнува од средна Европа, а бил основна намирница во исхраната на Германите и Келтите. Интересно е тоа што се споменува во песните за Крали Марко.
По нутритивниот состав, спаѓа во групата на најкомплетни намирници. Покрај тоа што го снабдува организмот со енергија, содржи витамини Е, Б5 и Б6, како и минерали, меѓу кои: железо, селен, манган и бакар.
Овес за добро здравје, сила и енегрија
Покрај ова, следните 10 причини се доволен мотив кои ќе ве поттикнат често да имате овес на вашата трпеза.
- Содржи есенцијални аминокиселини кои го стимулираат црниот дроб да создава лецитин кој го чисти телото од штетни материи.
- Овесот содржи скроб кој го стабилизира нивото на шеќер во крвта. Исто така е извор на бета глукан, кој создава слуз и на тој начин допринесува за лесната сварливиот на овесот. Овесната слуз се користи како храна за болните бебиња, малите деца и сите кои имаат осетлив желудник.
- Една од најголемите придобивки од консумацијата на овес се големата количина на нерастворливи растителни влакна. Тие го олеснуваат движењето на храната во цревата, а со тоа допринесуваат за редовно празнење и превенција на запек.
- Овесот е житарица која содржи најголем процент на протеини кои го помагаат растот и развојот на ткивата во организмот.
- Фитоестрогенот лигнан кој се наоѓа во овесот има антиканцерогено својство. Тој го намалува ризикот од појава на канцер предизвикан од промените на хормоните во телото.
- Јагленохидратите кои ги содржи, бавно се апсорбираат во организмот и така влијаат на постепен раст на гликозата во крвта.
- Овесот е добар извор на омега 6 масни киселини кои влијаат на намалување на нивото на холестерол.
- Присуството на витамините Б5 и Б6 е важно за правилен развој и добро функционирање на нервниот систем.
- Редовната консумација на овес превенира настанување на хипотиреоза, затоа што содржи јод, минерал кој е значаен за правилна работа на тироидната жлезда.
- Овесот е извор на калциум кој превенира деминерализација на коските.
Покрај горе наведените придобивки од консумацијата на овес, треба да се знае дека тој помага во зајакнување на физичката способност. Поради тоа особено се препорачува во исхраната на лица кои се изложени на тежок физички напор.
Ви предлагаме да прочитате: Маски и купка од овес – решенија за сува кожа.